Свет
Зеленски: За руските војници Украина е порта кон Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред италијанскиот парламент изјави дека неговата земја е на работ на опстанок поради војната со руските сили и предупреди дека целта на Москва е да се пробие до остатокот од Европа.
„За руските војници, Украина е порта кон Европа, во која сакаат да пробијат, но не смее да се дозволи варварството да помине“, рече Зеленски во видео-врска до италијанските пратеници, пренесува „Ројтерс“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре преку видеоврска ќе им се обрати на пратениците во јапонскиот парламент и ќе побара поддршка во борбата против Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија го нападна Киев, Украинците јавуваат за 12 повредени

Русија изврши напади со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев и Миколаев на југот на земјата во текот на ноќта, при што беа повредени најмалку 12 лица, соопштија властите.
Две жени се повредени во главниот град, каде дроновите предизвикаа пожар во магацин и оштетија станбени згради, соопшти градската воена управа на Киев.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 85 од 145 беспилотни летала лансирани од Русија во нејзиниот напад во текот на ноќта. Се додава дека 49 други не успеале да ги постигнат своите цели најверојатно поради контрамерки од електронско војување.
Воздухопловните сили не разјаснија што се случило со преостанатите 11 беспилотни летала.
Во нападот во текот на ноќта беа повредени и 10 лица во јужниот град Миколаев, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким.
Во рускиот напад оштетени се и девет станбени згради, 30 гаражи и една административна зграда, додаде тој.
Русија негира дека намерно гаѓа цивили, но илјадници се убиени и повредени во нејзината инвазија на Украина.
Свет
Сандерс: Ако му се спротивставите на Нетанјаху, ќе потроши милиони долари за да ве порази

Американскиот сенатор Берни Сандерс, независен политичар и еден од критичарите на политиката на Израел, остро ја критикуваше американската поддршка за израелската влада под водство на Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го „екстремист одговорен за смртта на 50.000 луѓе во Газа“.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Сандерс рече дека Соединетите Американски Држави не треба да даваат никакви дополнителни донации за владата на Нетанјаху, додавајќи дека Комитетот за јавни односи на Америка на Израел (АИПАК) има премногу влијание врз американската политика во однос на Израел.
Тој, исто така, ја критикуваше АИПАК за обидот да ги заплаши демократите кои се против Нетанјаху, велејќи: „Ако му се спротивставите на Нетанјаху, тие ќе потрошат милиони долари за да ве поразат. Тоа не звучи како демократија“.
Покрај тоа, Сандерс изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп може сериозно да се кандидира за трет мандат, нагласувајќи дека желбата на Трамп за моќ и богатство е клучна за неговите политички амбиции.
„Ништо не би ме изненадило во врска со Трамп“, додаде Сандерс.
Тој рече и дека за едно се согласува со Трамп, а тоа е дека „системот е скршен“, пренесува Њузвик.
Тој нагласи дека американскиот здравствен систем, како и системот за финансирање на кампањите, е длабоко проблематичен и дека е неопходно да се отстранат големите пари од политичките процеси.
Свет
Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за пауза во примената на реципрочните царини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ја поздрави најавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за пауза во примената на реципрочните царини.
„Јасните и предвидливи услови се клучни за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, изјави Фон дер Лејен на социјалната мрежа Икс.
Таа додаде дека царините се даноци кои само им штетат на фирмите и на потрошувачите. „Затоа постојано се залагав за договор за царини „нула за нула“ меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави“, посочи таа.
Вчера Трамп најави целосен прекин на царините, со исклучок на Кина, чии царини ќе бидат зголемени од 104 на 125 отсто, пренесува Танјуг.