Свет
Зеленски: „Не смееме да дозволиме Западот да заборави на војната“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната со Русија е во нова фаза, а зимата се очекува да ги комплицира борбите по летната контраофанзива, која не ги доби посакуваните резултати. Сепак, и покрај неуспесите, тој рече дека Украина нема да се откаже.
„Имаме нова фаза од војната и тоа е факт“, рече Зеленски во интервју за „Асошиетед прес“ во Харков, североисточна Украина. „Зимата како целина е нова фаза од војната“, додаде тој.
На прашањето дали е задоволен од резултатите на контраофанзивата, тој одговори: „Видете, не се откажуваме, јас сум задоволен. Се бориме со втората најдобра војска во светот“. Потоа додаде: „Губиме луѓе, не сум задоволен. Не го добивме целото оружје што го сакавме, не можам да бидам задоволен, но не можам премногу да се жалам“. Зеленски исто така рече дека стравува оти војната меѓу Израел и Хамас се заканува да го засени конфликтот во Украина бидејќи „го загрозува протокот на западна воена помош за Киев“.
Украина не го доби целото потребно оружје од сојузниците, рече тој. „Веќе можеме да ги видиме последиците од пренасочувањето на вниманието на меѓународната заедница поради трагедијата на Блискиот Исток“, рече тој. „Само слепите не го гледаат тоа“, вели тој. „Не смееме да дозволиме Западот да заборави на војната“, вели тој.
Таа промена на фокусот може да доведе до помала економска и воена помош за неговата земја, рече тој. Во обид да ги смират тие стравови, американските и европските претставници продолжија да го посетуваат Киев по нападите во Израел на 7 октомври.
Неодамнешната анкета на АП во САД покажа дека речиси половина од Американците мислат дека се троши премногу за Украина. Сè поголем број републиканци не се за испраќање поголема помош и не е јасно дали и кога барањето на Белата куќа за поголема помош ќе биде одобрено од Конгресот, пренесува медиумот.
На прашањето за ова, Зеленски тврди дека Американците, помагајќи ѝ на Украина, си помагаат и самите себеси.
„Во случајот со Украина, ако отпорноста пропадне денес поради недостиг на помош, оружје и финансиски средства, тоа ќе значи дека Русија, најверојатно, ќе ги нападне земјите на НАТО“, рече тој. „И тогаш децата на Америка ќе се борат“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По руските удари, Зеленски повторно бара повеќе противвоздушна одбрана
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по руските воздушни удари и употребата на ракетата „Орешник“, повторно побара од западните земји да ѝ испорачаат на Украина повеќе средства за противвоздушна одбрана.
„Денешниот удар најсилно ги потсетува сите наши партнери дека поддршката за ПВО за Украина е постојан приоритет“, напиша тој на својот канал на Телеграм.
Во петокот Министерството за одбрана соопшти дека руските сили употребиле ракети „Орешник“ во рамки на масовен удар врз критични објекти во Украина, како одговор на нападот врз резиденцијата на Владимир Путин.
Медиумите известија за серија експлозии во Киев и Лавов. Според градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, во градот има оштетувања на критичната инфраструктура. Во одделни делови се регистрирани и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Фото:Depositphotos
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Свет
(Видео) Експлозив фрлен во близина на опозициска пратеничка во Хондурас
Опозициската политичарка од Хондурас, Гладис Аурора Лопез, е повредена кога во нејзина близина била фрлена експлозивна направа во Националниот конгрес во Тегусигалпа.
Според соопштението на Националната партија, експлозивот детонирал на само неколку сантиметри од Лопез, при што таа се здобила со повреди на грбот.
Видео до кое дојде „Ројтерс“ го прикажува моментот кога предметот бил фрлен додека Лопез се приближувала за да разговара со претставници на медиумите, по што дошло до експлозија.
Инцидентот се случил во период на политичка недоверба по изборите, на кои центристичкиот кандидат Салвадор Насраља поднел жалба до Изборниот правосуден трибунал, барајќи повторно пребројување на гласовите во повеќе департмани, откако изборното тело го прогласило кандидатот на Националната партија, Насри Асфура, за победник, со разлика помала од еден процент од гласовите.
Двајцата настојувале да ја соборат од власт левичарската партија Либре на претседателката Ксиомара Кастро, чија кандидатка Рикси Монкада на изборите завршила на третото место.
Фото: pexels

