Свет
Зеленски објави фотографии по нападот во родниот град: 14 загинати, од кои 6 деца

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на социјалната мрежа Х откако Русија со балистичка ракета го погоди неговиот роден град.
„Руска ракета погоди обичен град, директно погоди улица во станбена зона. Прелиминарните извештаи сугерираат дека станува збор за напад со балистички проектили. Во моментов има 14 потврдени смртни случаи, меѓу кои и шест деца. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските.
Акцијата за спасување е во тек, а оштетени се најмалку пет станбени објекти.
Руските напади се случуваат секојдневно. Луѓето умираат секој ден. Има само една причина зошто ова продолжува: Русија не сака примирје и ние го гледаме тоа. Целиот свет го гледа тоа. Секој проектил и секој напад со беспилотно летало докажува дека Русија бара само војна. Само светскиот притисок врз Русија, сите напори за зајакнување на Украина, нашата воздушна одбрана и нашите сили можат да одредат кога ќе заврши војната.
САД, Европа и остатокот од светот имаат капацитет да ја принудат Русија да се откаже од теророт и војната. Ова мора да се обезбеди – потребен е мир“, напиша Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Вонредна состојба на Крит: евакуирани повеќе од 1.000 жители и туристи

Властите прогласија вонредна состојба во делови од општината Иерапетра по катастрофалниот пожар во источниот дел од грчкиот остров Крит, кој во голема мера е ставен под контрола, објавија локалните медиуми.
🇬🇷 A massive fire is raging on the island of Crete in Greece: evacuation has been announced
Due to strong winds, which reached 9 points on the Beaufort scale, the fire is spreading very quickly#russiaisaterroriststate ❗https://t.co/uEdqULR0mt pic.twitter.com/mtTIyfmqmi
— Гакрукс (@Gakruks1) July 4, 2025
Пожарот, кој избувна во близина на Иерапетра во средата, во суви и ветровити услови зафати илјадници хектари обработливо земјиште и шуми на јужниот брег на најголемиот остров во Грција.
Пожарот сериозно ја оштети инфраструктурата, вклучително и водоводните мрежи, и предизвика евакуација на повеќе од 1.000 жители и туристи, според дневниот весник „То Вима“.
Дневникот објави дека истражен тим пристигнал на Крит за да ја утврди причината за пожарот бидејќи брзото ширење на пожарот и повеќекратните фронтови иницирале сомневања за намерно палење.
(Фото: ЕПА)
Свет
Германија воведува шестмесечен воен рок

Германската влада планира да воведе нова форма на воена служба, која првично би се базирала на доброволна основа, објавија денес германските медиуми.
Како што објавија неколку германски медиуми, повикувајќи се на извори во Бундестагот, министерот за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија – СПД) презентира предлог-закон за воена служба, која би се базирала на доброволност.
Законот предвидува скратена доброволна воена служба од шест месеци, која може да се продолжи според личните желби на регрутот. Шестмесечната ротација, како што е наведено, овозможува обука на поголем број војници од сегашната дванаесетмесечна воена служба.
За време на оваа скратена воена обука регрутите би биле подготвени за поедноставни задачи, како што се инспекции или чување објекти. Секое продолжување на рокот би донело со себе дополнителна професионална обука.
Според медиумски извори, нацрт-законот предвидува повторно воведување на задолжителната воена служба во случај потребите на Бундесверот да не може да се задоволат на доброволна основа. Прашалниците што се користат за регрутирање нови доброволни регрути би биле дистрибуирани до сите членови на една генерација, кои на тој начин би се изјасниле дали се подготвени за воена служба или не.
За мажите, пополнувањето на прашалникот би било задолжително, за жените – не. Писториус планира да го зголеми сегашниот состав на Бундесверот поради заканата што доаѓа од Русија на вкупно 460.000 члена.
Експертите веруваат дека Бундесверот нема да може да го достигне потребниот број војници само на доброволна основа. Затоа има барања во нацрт-законот да се вметне клаузула што би овозможила автоматско преминување на задолжителната воена служба во случај доброволната служба да не го покрие потребниот број војници.
Отпорот кон воведувањето на задолжителната воена обврска доаѓа првенствено од редовите на СПД, која ја формира федералната влада заедно со Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ.
Задолжителната воена служба беше укината во 2011 година поради неуставност бидејќи не беше можно да се овозможи сите членови на една генерација да служат во војската.
Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.