Свет
Зеленски откри детали од жестокиот руски напад среде ноќ: Нè нападнаа со 60 дрона и 90 проектили
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот фејсбук-профил објави дека синоќа руските сили ја нападнале Украина со повеќе од 60 беспилотни летала „Шахед“ и речиси 90 проектили од разновиден тип.
„Во текот на ноќта имаше повеќе од 60 напади од дронови ‘Шахед’ и 90 проектили од разновиден тип. Светот јасно ги гледа целите на руските терористи: електрани и мрежа за снабдување со електрична енергија, хидроцентрали, обични станбени згради, дури и тролејбуси. Русија се бори против животот на обичните луѓе“, напиша Зеленски и додаде дека надлежните служби веќе работат во сите градови што биле цел на нападите, пренесува „Укринформ“.
Зеленски рече дека никој нема да остане без помош, а во тек е воспоставување снабдување со електрична енергија.
„Харков, Запорожје, Суми, Полтава, Днепропетровск, Одеса, Хмелницки, Виница, Франковската област, насекаде се во тек активностите на надлежните служби. Руските ракети не доцнат како пакети помош за нашата земја. ‘Шахед’ не е неодлучен како некои политичари“, рече Зеленски.
Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, на својот канал на „Телеграм“ објави дека во рускиот напад на Хмелницки загинале две лица, а најмалку осум се повредени.
Според командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, украинските воздухопловни сили уништиле 55 руски дрона „Шахед“ и 37 проектили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

