Свет
Зеленски побара од парламентот продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од украинскиот парламент да ги продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за уште 90 дена.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година кога Русија ја почна инвазијата на Украина, а оттогаш оваа мерка неколкупати беше продолжена, пишува лондонски „Гардијан“.
Украинскиот парламент последен пат ги продолжи вонредната состојба и мобилизацијата во ноември 2023 година до 14 февруари 2024 година, а со усвојувањето на барањето на Зеленски овие две мерки дополнително ќе бидат продолжени до 14 мај. Заменикот Јарослав Железњак потсети дека украинскиот парламент ќе гласа за вонредна состојба 10-ти пат од почетокот на војната.
Вонредната состојба предвидува сите мажи од Украина на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, да не смеат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.
Свет
Силен земјотрес го погоди Азербејџан
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Свет
(Видео) Маж по пет дена е спасен од урнатините на зграда во Јужна Африка
Маж е спасен од урнатините пет дена по уривањето на зграда во Јужна Африка, а премиерот на Западен Кејп, Алан Винд, го опиша настанот како чудо.
Во понеделникот се урна петкатна зграда во градот Џорџ, источно од Кејптаун.
Во официјалното соопштение се наведува дека таму во моментот имало 81 лице и дека досега е потврдена смртта на 13 лица, а 39 се’ уште се водат за исчезнати. Во објава на „Икс“ денес, Винд напиша дека преживеан маж е успешно извлечен од урнатините по 116 часа.
За да се обидат да стигнат до сите жртви кои останале заробени во урнатините, спасувачите користеле кранови, дупчалки и свои раце за да се обидат да ги спасат.
Спасувачките операции продолжуваат.