Свет
Зеленски: Подготвени сме за средбата Трамп – Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи трилатерален состанок со шефовите на државите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за да се унапредат мировните преговори за војната во Украина, а воедно го повика Вашингтон да воведе нови санкции кон Москва.
„Подготвени сме за форматот Трамп – Путин“, рече украинскиот претседател на прес-конференција во вторникот, а беше објавено утрово.
„Ако на Путин му е непријатно да има билатерален состанок или ако сите сакаат трилатерален, немам ништо против тоа. Подготвен сум за кој било формат“, додаде Володимир Зеленски, кој се очекува во Берлин подоцна во текот на денот.
Зеленски вели дека најреални места за мировни преговори се Турција, Швајцарија и Ватикан.
Украинскиот претседател исто така го повика Вашингтон да воведе нови санкции против Русија, која досега ја отфрла идејата за општо и безусловно 30-дневно примирје со Украина, предложено од САД и поддржано од Киев.
„Очекуваме санкции од Соединетите Американски Држави, особено против рускиот енергетски сектор и банкарскиот систем“, рече Зеленски.
Тој исто така истакна дека Киев сè уште не го добил од Москва меморандумот што Русија го спомена минатата недела, во кој треба да се наведат условите на Русија за траен мировен договор по три години руска инвазија на Украина.
„Ќе ги прочитаме нивните предлози и сигурно ќе одговориме на нив кога ќе ги добиеме“, рече тој.
Руската дипломатија претходно објави дека ќе го проследи документот до Киев откога ќе заврши размената на затвореници од големи размери минатиот викенд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.