Европа
Зеленски предупредува: Русија ќе мобилизира уште 300.000 војници, јасно е што планираат, клучни се следните два месеца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира да мобилизира дополнителни 300.000 војници на линијата на фронтот до почетокот на јуни.
Коментарите на Зеленски дојдоа само неколку дена откако Владимир Путин ја почна пролетната регрутација за време на која 150.000 граѓани беа повикани на воена служба. Украинската воена разузнавачка служба веќе претходно најави дека по претседателските избори, на кои Путин освои повеќе од 87 отсто од гласовите, ќе ги интензивираат напорите за мобилизација, пренесува „Јутарњи лист“.
Делумната мобилизација што се случи во есента 2022 година предизвика масовни протести и стотици илјади потенцијални кандидати ја напуштија земјата за да ја избегнат. Западното разузнавање објави дека Путин можеби избегнал уште едно масовно регрутирање во меѓувреме за да избегне последици пред изборите во март.
Москва неодамна зема замав по повеќе од две години војна против Киев. Сепак, инвазијата ја чинеше Русија многубројни жртви, а според американските разузнавачи, се проценува дека Кремљ изгубил повеќе од 315.000 војници од почетокот на конфликтот.
Но, ниту Украина не остана неповредена. Во февруари Зеленски рече дека од избувнувањето на војната биле убиени 31.000 војници, но американските власти тврдат дека бројката е околу 70.000, со повеќе од 120.000 повредени. Зеленски во средата потпиша промена во законот со кој се намалува старосната граница за мажи, од 27 на 25 години во случај на итност.
Оксана Заболотна, аналитичар на украинската влада во Центарот за набљудување, рече дека намалувањето на старосната граница за регрутирање може да додаде околу 50.000 војници во армијата на Киев.
Зборувајќи за новинарите, Зеленски рече дека сè уште не е познато колку војници планира да мобилизира Украина оваа година, но тој се откажа од целта од половина милион. Украинскиот лидер додаде дека Киев јасно разбира зошто Русија сака да регрутира дополнителни војници и заклучи дека мај и јуни треба да бидат време за постигнување на целите на Украина во војната.
„Јасно разбираме за што се подготвува Русија, што сакаат и за што ќе регрутираат војници. Сите ние и нашите партнери мора да имаме силен одговор на руските операции. Мора да ја добиеме оваа војна“, рече Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

