Европа
Зеленски: Претстојната зима ќе биде пресвртница во војната со Русија, може да има драматична деокупација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува оти претстојната зима ќе биде пресвртница во војната со Русија, по серијата воени успеси оваа недела на фронтот.
„Верувам дека оваа зима е пресвртница и дека може да доведе до драматична деокупација на Украина“, изјави Зеленски на конференцијата во Киев, пренесе весникот „Хил“.
Руското Министерство за одбрана во саботата соопшти дека ги повлече своите сили од неколку градови околу Харков во источна Украина, по контраофанзивата на украинската армија.
Зеленски побара и поголема воена поддршка од западните сојузници, велејќи дека „ако украинската армија имаше посилно оружје, ќе успееше побрзо да ги ослободи окупираните територии“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Синот на заменик-директорка во ЦИА убиен во Украина борејќи се за Русија, објави руски независен истражувачки портал

21-годишниот Американец Мајкл Александар Глос потпиша договор со руското Министерство за одбрана и загина борејќи се во војната против Украина во 2024 година, објави рускиот независен истражувачки портал IStories.
Она што ја прави неговата приказна уште поневеројатна е фактот дека неговата мајка, Џулијан Галина Глос, е заменик-директор на ЦИА за дигитални иновации.
Глос потпиша договор со руската војска на 5 септември 2023 година, според податоците од Московскиот систем за управување со медицински информации (EMIAS), кои беа објавени во јавноста.
Тој бил внесен во системот од страна на вработените во центарот за регрутирање војници по договор во Москва, а како негова адреса на живеење – како и кај стотици други странски волонтери – ја навеле адресата на самиот центар. Патем, во оваа просторија се вршат и медицински прегледи на кандидатите за регрутирање.
Според извор близок до Глос, американскиот државјанин бил распореден во единици за напад во декември 2023 година. Во тоа време, 137-от полк дејствувал северозападно од Соледар во регионот Донецк. Глос загинал на 4 април 2024 година, како што е потврдено во некролог објавен од неговото семејство. Точните детали за неговата смрт не се познати. Според погребалниот дом, тој бил погребан во Соединетите Држави осум месеци по неговата смрт.
Мајкл Глос е еден од повеќе од 1.500 странски државјани кои поминале низ московскиот центар за регрутирање за време на војната во Украина, чии идентитети ги откри IStories. Според порталот, платеници од вкупно 48 земји се приклучиле на руската страна во војната, вклучувајќи членки на Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
Европа
Путин имаше долг разговор со човекот на Трамп: можни директни преговори меѓу Москва и Киев?

Кремљ издаде кратко соопштение во кое се наведува дека денешната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф, кој беше назначен од претседателот Доналд Трамп, завршила.
Според истиот извор, во разговорите учествувале и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, и раководителот на Рускиот национален фонд за благосостојба, Кирил Дмитриев.
Средбата траеше три часа и беше конструктивна, рече Ушаков.
Според него, за време на разговорот била разгледана и можноста за директни преговори меѓу Русија и Украина. Ушаков додаде дека позициите на Москва и Вашингтон се приближиле не само во врска со Украина, туку и во врска со други теми и најави продолжување на „продуктивниот дијалог“ на различни нивоа.
Русија и Украина не воделе директни преговори од првите недели од војната, која започна во февруари 2022 година.
Пред да замине за Рим на погребот на папата Франциско, американскиот претседател Доналд Трамп кратко разговараше со новинарите и оптимистички коментираше за состојбата на преговорите:
„Мислам дека на крајот ќе склучиме многу добри зделки… Ќе се обидеме да се извлечеме од војните за да спасиме 5.000 луѓе неделно. Тоа е мојата цел. Сакам да спасам 5.000 млади мажи – претежно Украинци и Руси – 5.000 украински и руски мажи, и би ми било голема чест ако можам да го направам тоа“, рече Трамп.
„И мислам дека сме доста блиску“, додаде тој. Трамп не објасни од каде доаѓа проценката за 5.000 спасени луѓе неделно.
Европа
(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети. Ројтерс јавува дека очевидци пријавиле серија силни експлозии.
‼️росія завдала масованого комбінованого удару по Києву
За попередніми даними, загинули 9 людей, 63 постраждалих, 42 госпіталізували до лікарні, серед них 6 дітей.
Сталися руйнування в житлових будинках: тривають пошуки людей під завалами. Працюють психологи та кінологи ДСНС. pic.twitter.com/CIA11Ycm7D
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) April 24, 2025
Според првичните информации, загинале 9 лица, а 63 се повредени, од кои 42 се хоспитализирани, меѓу кои и шест деца.
Станбени згради се урнаа, а во тек е потрага по луѓе под урнатините. Психолозите и екипи со кучиња трагачи од Државната служба за итна помош се на терен.
“Peace-loving” Russians just attacked the capital of Ukraine with Shahed drones.
A fire broke out in a residential building in the Svyatoshynskyi district. People are trapped under the rubble. Rescuers and medics are working at the scene.
There are also fires in… pic.twitter.com/voAxj1EhSe
— Natalka (@NatalkaKyiv) April 23, 2025
„Во тек е комбиниран напад. Опасноста останува висока“, напиша на Телеграм Тимур Ткаченко, шеф на градската воена управа на Киев.
Тој, исто така, истакна дека пожари и урнати летала и делови од проектили се регистрирани во два квартови на западниот брег на реката Днепар, која го минува низ градот.
Кличко: Тимови лекари испратени во различни делови на градот
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека дронови летаат над централните области, наредувајќи им на тимови од лекари итно да се упатат во различни делови на градот. Ткаченко нагласи и дека пет лица се повредени во градската област Свјатошински, додека Кличко истакна дека жителите на една зграда останале под урнатините. Пожари и паѓање на метални остатоци од проектили се забележани и во други делови на Киев.
russia launched a massive attack on Ukraine using cruise missiles, Caliber missiles, ballistic missiles, Kh-59/69 missiles, and drones.
According to preliminary reports, ten people were killed in the russian attack.
Kyiv, Kharkiv, Pavlohrad, Zhytomyr, and other cities and… pic.twitter.com/afufgX5WwY
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) April 24, 2025
Нападнат е и Харков
Харков, вториот по големина град во Украина, исто така беше подложен на силен ракетен напад рано утринава, напиша на Телеграм градоначалникот на градот Игор Терехов. Тој рече дека се слушнале неколку експлозии во градот, кој е честа цел на руски напади.