Свет
Зеленски: Размислуваме за средба на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Велика Британија

Володимир Зеленски изјави дека Киев и неговите партнери ја разгледуваат можноста за одржување средба на лидерите на Украина, Русија, Соединетите Американски Држави, земјите од Европската унија и Велика Британија како дел од напорите да се стави крај на руската војна против Украина.
Говорејќи пред новинарите во Киев, откако двапати телефонски разговараше со Доналд Трамп, украинскиот претседател рече дека се надева дека средбата може да се одржи што е можно поскоро, а како можни домаќини се споменуваат Турција, Ватикан или Швајцарија.
Володимир Зеленски го повикал Доналд Трамп да ги зголеми санкциите кон Русија доколку таа не се согласи на прекин на огнот, а тоа било непосредно пред американскиот претседател да разговара со Владимир Путин.
Според некои информации, Зеленски разговарал со Трамп приближно 15 минути пред неговиот повик до Путин што траеше околу два часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија воведува шестмесечен воен рок

Германската влада планира да воведе нова форма на воена служба која првично би се базирала на доброволна основа, објавија денес германските медиуми.
Како што објавија неколку германски медиуми, повикувајќи се на извори во Бундестагот, министерот за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија СПД) презентираше предлог-закон за воена служба која би се базирала на доброволност.
Законот предвидува скратена доброволна воена служба од шест месеци, која може да се продолжи според личните желби на регрутот. Шестмесечната ротација, како што е наведено, овозможува обука на поголем број војници од сегашната дванаесетмесечна воена служба.
За време на оваа скратена воена обука, регрутите би биле подготвени за поедноставни задачи како што се инспекции или чување објекти. Секое продолжување на рокот би донело со себе дополнителна професионална обука.
Според медиумски извори, нацрт-законот предвидува повторно воведување на задолжителна воена служба во случај потребите на Бундесверот да не можат да се задоволат на доброволна основа. Прашалниците што се користат за регрутирање нови доброволни регрути би биле дистрибуирани до сите членови на една генерација, кои на тој начин би се изјасниле дали се подготвени за воена служба или не.
За мажите, пополнувањето на прашалникот би било задолжително за жените, не. Писториус планира да го зголеми сегашниот состав на Бундесверот поради заканата што доаѓа од Русија на вкупно 460.000 членови.
Експертите веруваат дека Бундесверот нема да може да го достигне потребниот број војници само на доброволна основа. Затоа има барања во нацрт-законот да се вметне клаузула што би овозможила автоматско преминување на задолжителна воена служба во случај доброволната служба да не го покрие потребниот број војници.
Отпорот кон воведувањето на задолжителна воена обврска доаѓа првенствено од редовите на СПД, која ја формира федералната влада заедно со Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ.
Задолжителната воена служба беше укината во 2011 година поради неуставност, бидејќи не беше можно да се овозможи сите членови на една генерација да служат во војската.
Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.