Свет
Зеленски: Се влошува ситуацијата околу Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека воената ситуација околу градот Бахмут станува сè потешка.
Во ноќното видеообраќање Зеленски истакна дека ситуацијата околу Бахмут постојано се влошува и дека руските сили постојано уништуваат сè што може да се искористи за зајакнување и одбрана на украинските сили.
„Нашите војници, кои ја бранат областа околу Бахмут, се вистински херои“, рече Зеленски.
Бахмут, град во Донбас во источна Украина, е во фокусот на борбата со месеци, а од 70.000 жители, кои живееле во Бахмут пред почетокот на војната, само 10.000 луѓе останале во градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски.
„Нема да признаеме ниту една територија окупирана од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи… Значи, никој нема да го заборави ова. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите главни црвени линии“, рече Зеленски на прес-конференција.
Тој истакна дека државата нема да дозволи никој да го заборави ова злосторство против Украина. Украинскиот лидер нагласи дека доколку Русија ги отфрли предлозите изнесени за време на средбата на украинската и американската делегација во Џеда, Киев смета на силни американски чекори за притисок врз Русија.
„Колку што разбрав, можеме да сметаме на силни чекори од САД кон руската страна. Се уште не ги знам деталите, но зборуваме за санкции и зајакнување на Украина“, рече Зеленски.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ги погоди Филипини

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Филипинскте Острови, соопшти германскиот истражувачки центар за геонаука ГФЗ.
Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за жртви или евентуална материјална штета.
Регион
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во врска со безбедносната состојба во регионот изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и изрази уверување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како пред 30 години.
„Со големо внимание ги следиме сите политички настани, не само во Босна и Херцеговина, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека ги следат и меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации“, изјави Анушиќ за новинарите во Книн, објави Хрватската радио и телевизија.
Тој изрази уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развива како пред 25 или 30 години, но дека ќе биде „контролирана и нема да оди во несакана насока“.
На новинарско прашање за настаните во Босна и Херцеговина, Анушиќ рече дека се надева дека нема да има ескалација.