Свет
Зеленски: Се сомневам дека Украина некогаш ќе стане членка на НАТО, ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим
Ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски на средбата со студентите во Миколаев.
„Што се однесува до Донбас, ќе биде потешко да се врати од Крим. Верувам дека териториите се вратени на луѓето. Ако народот не го сака, ќе биде многу, многу тешко. Мислам дека е психолошки потешко да се врати Донбас, бидејќи таму има постојани конфликти веќе десет години“, рече тој.
Според Зеленски, неговите партнери му рекле дека е невозможно да се врати Крим и дека е многу тешко да се врати Донбас.
Одговарајќи на прашање за натамошни перспективи за зајакнување на националната безбедност, Зеленски посочи дека ова прашање ќе биде приоритет, но дека не знае дали земјата ќе влезе во НАТО, посочувајќи дека се сомнева оти Украина некогаш ќе стане членка на Северноатлантска алијанса.
„Не знаеме точно како ќе биде. Никој не може со сигурност да каже дали ќе влеземе во НАТО или не. Ние сакаме, но… Киев се движи кон стандардите на Алијансата и мора да направи сè за да обезбеди национална безбедност е на највисоко ниво“, рече Зеленски.
Зеленски подоцна во интервју за агенцијата „Кјодо“ изјави дека поради ситуацијата на Блискиот Исток, Украина „испаднала од фокусот“ на светската заедница.
„Загрижен сум што интересот на светот за конфликтот во Украина опаѓа поради растечките тензии на Блискиот Исток“, рече Зеленски, нагласувајќи уште еднаш дека нема да се согласи на прекин на огнот додека Русија не ги повлече своите војници.
Тој ги оцени предлозите за прекин на огнот кои кружат на Запад како „да ти ја отсечат раката и да ја дадат на некој друг“.
Украинскиот лидер изјави дека очекува да ја одржи четвртата конференција за неговиот мировен план во Швајцарија, како и дека со нетрпение ја очекува меѓународната конференција за обнова на Украина, која ќе се одржи во Токио во февруари 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

