Свет
Зеленски ја легализира марихуаната, треба да помогне при посттрауматски стресни нарушувања предизвикани од војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот за легализација на канабисот за медицински цели.
„Претседателот потпиша предлог-закон за регулирање на циркулацијата на растението коноп за медицински, индустриски, истражувачки и научно-технички цели, со цел да се олесни пристапот на пациентите до потребниот третман за рак и посттрауматски стресни нарушувања предизвикани од војната“, се наведува во соопштението за печатот, пренесува ТАСС.
Во декември 2023 година, Врховниот совет усвои предлог-закон за легализација на марихуаната за медицински цели.
Законот стапува на сила шест месеци откако е официјално објавен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гроси: Смртта на Раиси предизвика пауза во преговорите меѓу МААЕ и Иран
Смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, во хеликоптерска несреќа предизвика пауза во преговорите меѓу Техеран и Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), изјави директорот на агенцијата на ОН, Рафаел Гроси.
Во Хелсинки, каде што зборуваше денеска на нуклеарната конференција, тој објасни дека Иран е во период на жалост и дека кога ќе помине, повторно ќе се ангажира, пренесува „Ројтерс“.
Гроси рече дека МААЕ планира да ги продолжи техничките разговори со Иран, но дека тие сè уште не се одржани поради хеликоптерската несреќа минатата недела, во која загинаа претседателот Раиси и министерот за надворешни работи, Абдолахијан.
Свет
Џанг Жан ослободена од затвор, осудена за известување за епидемијата во Вухан
Кинеска новинарка Џанг Жан, која беше осудена во Кина за известување за епидемијата на Ковид-19 во Вухан, е ослободена од затвор по издржување четиригодишна затворска казна, објавија светските медиуми.
Џанг е осудена на четири години затвор под обвинение за „поттикнување кавги и предизвикување проблеми“, пренесува АП.
Меѓутоа, на денот на нејзиното ослободување нејзините поранешни адвокати не можеле да дојдат до неа или до нејзиното семејство бидејќи, како што наведува американската агенција, „полицијата во Шангај ги посетила активистите и нејзините поранешни адвокати во деновите пред нејзиното ослободување“.
Свет
Пресметка на суперсилите во вселената: САД ја обвинуваат Русија за испраќање офанзивно оружје во вселената, Москва ги отфрла тврдењата
Вашингтон ја обвини Москва дека лансирала сателит за кој американското разузнавање верува дека е оружје способно да следи и да напаѓа други сателити, тврдење што Русија денеска го отфрли како лажно.
Американската вселенска команда во вторникот соопшти дека Русија лансирала антисателитско оружје во исто време кога САД лансирале нов сателит во ниската орбита, пренесува „Ројтерс“.
Претходно овој месец, САД укажаа на лансирањето на ракетата „Сојуз“, која наводно носела најмалку девет сателити вклучувајќи го и COSMOS 2576, тип на руско надзорно вселенско летало од руската локација за лансирање Плесец.