Свет
Земјоделците ја блокираа Триумфалната капија во Париз, уапсени 66 лица

Француската полиција уапси 66 лица во Париз кога земјоделците ненајавено ја блокираа Триумфалната капија со сено и трактори.
Земјоделците со трактори околу 6 часот по локално време стигнаа до споменикот на познатата авенија Елисејска полиња, соопшти полицијата.
Сообраќајот кратко време беше во прекин.
Медиумите објавија дека демонстрациите почнале в зори во подножјето на Триумфалната капија и завршиле околу 9.40 часот.
Во парискиот регион денеска беа организирани и други акции. Четири трактори блокираа еден од излезите од обиколницата околу Париз.
Состанокот на фармерите првично требаше да се одржи во Версај со дозвола, но фармерите ненадејно се упатија кон Триумфалната капија во центарот на Париз.
Полицијата бргу интервенира и протестот беше прекинат.
Француските фармери со недели изразуваат незадоволство поради намалените приходи, еколошките регулативи и бирократијата, меѓу другото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.
Свет
Ирански функционер за „Си-ен-ен“: На Израел му претстои мрачна ноќ

На Израел му претстои мрачна ноќ, изјави висок ирански функционер за „Си-Ен-Ен“ додека двете земји денес разменуваат удари.
Официјалниот претставник тврди дека Иран веќе пресретнал и соборил неколку израелски летала и неутрализирал значителен број израелски ракети и дронови.
„Операциите на вооружените сили на Иран против позициите на ционистичкиот режим ќе продолжат, а на овој режим му претстои мрач ноќ“, рекол функционерот.
🚨🚨 Downtown Tel Aviv right now.
MASSIVE explosions.
Watch til the end. pic.twitter.com/R2A4aO07n7
— Spencer Hakimian (@SpencerHakimian) June 13, 2025