Свет
Зона на смртта на југот од Појасот Газа: СЗО објави видео по влегувањето во болницата во која изврши рација израелската армија
Светската здравствена организација (СЗО) објави снимка од болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во која нејзините тимови влегоа во неделата, два дена откако израелските војници извршија упад во објектот кога наводно добиле разузнавачки информации дека има заложници држени од Хамас.
На видеото објавено на мрежата „Икс“ се гледаат медицински работници како ги евакуираат пациентите со факел и ја опишуваат штетата на објектите на болницата. Еден лекар на ОН ја опишува сцената како зона на смртта, пренесува N1.
After two days of being denied entry into the Nasser Medical Complex in #Gaza, yesterday @WHO and partners were allowed to go inside to assess the patients. As a result, lifesaving medical referral of 14 critical patients was facilitated. Two patients needed continuous manual… pic.twitter.com/7iS65vG61y
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) February 19, 2024
Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејсус, претходно објави дека на агенцијата на ОН ѝ е дозволено да влезе во болницата „Насер“ два дена по одбиеното нејзино барање за влез во медицинскиот комплекс.
Тој изјави дека е помогнато лекување на 14 критични пациенти.
„Во болницата ‘Насер’ има уште 180 пациенти и 15 лекари и медицински сестри. Болницата и понатаму се соочува со акутен недостиг на храна, основна медицинска опрема и кислород. Водата е исклучена, нема струја, освен резервниот генератор, кој ја напојува опремата за одржување во живот“, истакна Гебрејсус во објавата на мрежата Х.
Кан Јунис е град на југот на Појасот Газа, каде што засолниште нашле повеќе од милион Палестинци, кои побегнале од другите делови на Газа поради конфликтот меѓу израелските сили и палестинската милитантна група Хамас.
Меѓутоа, Израел најавува офанзива и врз Кан Јунис, а хуманитарните организации и многубројни светски претставници предупредија дека тоа би значело нова хуманитарна катастрофа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

