Европа
Идентификацијата на лешевите е во тек, уште не се знае целосната рута на камионот
Вчера британската полиција пронајде 39 тела во камион со приколка-ладилник во Есекс, Англија.
Веста ја шокираше Англија, Европа и светот и покрена една од најголемите полициски истраги. Mеѓу првите прашања кои вчера ги поставија медиумите и јавноста е кои се луѓето чии мртви тела беа пронајдени во камионот.
Одговорот на тоа сè уште не е познат. Полицијата извести дека во моментов се прави идентификација, а единствената конкретна информација е дека станува збор за тела на 38 возрасни лица и на еден тинејџер.
Потоа се постави прашањето од каде биле луѓето, односно од каде потекнуваат.

Во текот на денот, започна дебата за тоа од каде ги собрал возачот на камионот. Полицијата најпрво соопшти дека камионот најверојатно потекнува од Бугарија. Сепак, подоцна оваа изјава беше променета со нова информација дека контејнерот минал преку Белгија и дека бил натоварен на брод на пристаништето Зебригж.
Бугарската влада објави дека камионот бил регистриран во Варна и тоа на име на ирски државјанин. Жртвите веројатно не се Бугари, соопшти бугарскиот премер Бојко Борисов, повикувајќи се на полициски извори.
Дмитар Димитров, извршен директор на Комората на бугарски превозници, рече дека возила од други европски земји честопати се регистрираат во Бугарија поради поволните тарифи.
Не е јасно дали патувањето започнало од таму, но и натаму е отворена тезата дека станува збор за мигранти кој се движиле по балканската рута.

Возачот е идентификуван, а неговото име беше објавено вчера. Станува збор за Мо Робинсон, 25-годишник од Северна Ирска. Тој е уапсен, обвинет за убиство и во моментов е на распит во полицијата. Полицијата во Северна Ирска извршила и претреси во две куќи поврзани со него.
Би-би-си го покрена прашањето дали станува збор за криумчарење на луѓе.
Додаваат дека сè уште не е познато односно дека полицијата во Есекс предупредува дека истрагата е долга и сложена. Националната агенција против криминал соопшти дека се обидува да ги идентификува организираните криминални групи кои би можеле да бидат поврзани со случајот.
Тие исто така додадваат дека се користат се поопасни методи за криумчарење на луѓе. Споменуваат дека една од нив е токму транспортот во приколки-ладилници, односно дека луѓето се шверцуваат во ладилници каде температурата е длабоко под нула.
Би-би-си исто така пишува дека Бугарија е важен фактор бидејќи повеќето баратели на азил кои стигнуваат до Западна Европа, скриени во камиони, доаѓаат од границите на Бугарија и Турција.
Се наведува дека шверцерите ги чуваат во куќи во Бугарија, обично во близина на српската или романската граница, а потоа ги ставаат во камиони за ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

