Свет
(Видео) ИДФ го откри местото на кое Хамас држеше заложници: ги скриле под детска болница
Портпаролот на ИДФ, контраадмиралот Данијел Хагари, вели дека елитната поморска единица командоси „Шајет 13“ и 401. оклопна бригада извршиле рација во болницата „Рантиси“ во градот Газа, која лекува деца, каде што се криеле оперативците на Хамас. Како што рече, таму биле чувани заложниците што беа киднапирани на 7 октомври за време на инвазијата на Хамас врз Израел.
„Под болницата, во подрумот, најдовме команден и контролен центар на Хамас, самоубиствени елеци, гранати, автомати ‘АК-47’, експлозивни направи, РПГ и друго оружје“, рече Хагари на прес-конференција.
„Најдовме и знаци дека Хамас овде држел заложници“, рече тој додавајќи дека ова сè уште е под истрага, но дека ИДФ има разузнавачки информации за да го потврди тоа.
🚨 BREAKING: @IDF reveals its findings from around, inside, and BENEATH Rantisi Hospital in #Gaza. 3/3
In this video:
* Baby bottle and diapers found near a chair used to restrain a hostage.
* @WHO infrastructure used in a makeshift hostage prison.
* Bullet-ridden motorcycle… pic.twitter.com/LqlR1gTvUX— Embassy of Israel to the USA | #IsraelUSA75 (@IsraelinUSA) November 13, 2023
„Покрај тоа, најдовме докази дека терористите на Хамас се вратиле од масакрот на 7 октомври во оваа болница, меѓу другите, откога ги убиле Израелците во своите домови“, вели тој.
„Хамас се крие во болниците. Денес ќе го откриеме ова пред светот“, рече Хагари.
Тој додаде дека ИД работи на олеснување на безбедното евакуирање на пациентите од „Рантиси“ во текот на изминатата недела, како и од другите болници во северна Газа.
„Израел им помогна на администраторите на болницата да ги евакуираат пациентите во побезбедна болница“, рече тој додавајќи дека ИДФ биле информирани дека последните 18 пациенти од „Рантиси“ биле безбедно евакуирани.
„Ова е затоа што нашата војна е против Хамас, а не против луѓето во Газа. Особено не против болните, жените и децата“, рече Хагари.
„Нашата војна е против Хамас, кој ги користи како жив штит“, додава Хагари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стотици илјади тони какао непродадени во Африка поради високите откупни цени
Брегот на Слоновата Коска би можел до крајот на главната жетва во март да наталожи околу 200.000 тони непродадено какао доколку владата не ги намали откупните цени, тврдат трговци и експерти.
Залихите се зголемија откако владата во октомври утврди откупни цени повисоки од оние на светските пазари. Според трговците, најмалку 100.000 тони од главната жетва не се платени, а до крајот на март би можеле да се додадат уште 100.000 тони ако цените не се коригираат.
Владата на Брегот на Слоновата Коска најави дека ќе купи 100.000 тони непродадено какао за околу 500 милиони долари за да им обезбеди средства на земјоделците, но трговците сметаат дека ќе биде потребно да се откупи и поголемо количество.
Владините претставници, пак, наведуваат дека извозот останува стабилен, со испорачани 1,011 милиони тони до 20 февруари, во споредба со 1,04 милиони тони во истиот период лани.
Гана минатата недела ја намали откупната цена на какаото за речиси една третина, наведува Ројтерс.
Регион
(Видео) Хрватска советничка снимена додека вели: „Овој не е*ел“, тврди дека коментарот не се однесувал на колегата
Седницата на Градското собрание на Загреб ја одбележал испад на независната советничка Дина Доган по говорот на градскиот советник од партијата Можеме, Матко Дујмовиќ. До непримерниот коментар дошло за време на расправата за одржувањето на дворовите на градските градинки и училишта, јавува „Индекс“.
Дујмовиќ во своето излагање зборуваше за улогата на подружницата „Зрињевац“, нагласувајќи дека градските служби често мораат да интервенираат и да ја преземат работата кога приватните изведувачи не ги исполнуваат своите договорни обврски. Тоа, како што рече, особено се случува во вонредни ситуации како невреме. Во тој контекст постави прашање каде се приватните понудувачи кога на терен се појавуваат проблеми.
„Кога ќе се случи некаков стрес во процесот, големи бури, временски непогоди. Знаете ли можеби каде се приватните понудувачи? Бидејќи јас не знам, затоа што не се јавуваат“, рече Дујмовиќ.
Навреда и реакција на социјалните мрежи
По говорот на Дујмовиќ, советничката Дина Доган била снимена како вели: „Пи*ка ти материна. Тој никогаш не е*ел. А ни нема“. Нејзината изјава, како што пишува „Индекс“, била забележана за време на преносот на седницата, а снимката Дујмовиќ ја објави на социјалните мрежи. Тој порача дека смета дека Доган не треба да му се извинува.
„Нема Дина за што да се извинува, овој излив беше искрен и од срце, мене лично и симпатичен, бидејќи покажува колку ја вознемирува и ја исфрла од такт мојата ангажираност околу темата. Она што е важно е сите да ја видиме Дина Доган каква што навистина е – некоја што не се занимава со содржината, туку редовно вперува прст, вика, навредува и малтретира многу луѓе во и околу Градското собрание на Град Загреб. Но нема врска, ние и понатаму ќе зборуваме за квалитетот на услугите што ги нудат градските компании“, напиша Дујмовиќ покрај видеото.
View this post on Instagram
Дина Доган: Ниту еден збор не беше упатен кон колегата
По текстот на „Индекс“, Дина Доган испратила демант:
„По повод медиумските објави и дистрибуцијата на видео-исечок кој се обидува да се прикаже како навреда упатена кон колега советник за време на вчерашната седница на Градското собрание, со ова давам јасен и недвосмислен демант.
Ниту еден збор не беше упатен ниту адресиран кон колегата советник. Станува збор за дел од приватна комуникација во клупа, во сосема друг контекст, надвор од службениот тек на расправата, во момент кога микрофоните беа исклучени или барем имавме основана претпоставка дека се исклучени. Дополнително, содржината што сега се пласира во јавноста воопшто не потекнува од вчерашната седница, што е видливо по облеката што ја носам, туку е извлечена од една од претходните седници и накнадно временски и контекстуално лажно претставена како актуелен настан.
„Ова не е снимка, ова е манипулација“
Во службениот фонетски запис од седницата со која се поврзува оваа содржина не постои изјава што ми се припишува, што потврдува дека не станува збор за нешто изговорено во рамките на расправата.
И покрај тоа, во јавноста се пласира конструкција дека станува збор за навреда изречена со вклучен микрофон и насочена кон конкретен советник, со што се создава неточна и штетна слика по мојот углед. Таквото селективно и временски манипулирано користење на аудио-материјалот отвора и сериозно прашање под какви услови се снимани и користени разговори на советници во клупите кои не се дел од официјалниот тек на седницата.
Во контекст на моето повеќегодишно и аргументирано критичко дејствување кон градската власт, платформата Можеме и градоначалникот, ваквиот начин на пласирање стар приватен материјал како „свеж скандал“ не може да се толкува поинаку освен како политички инструментализиран напад со цел дискредитација. Таквата манипулација со приватната комуникација на советник претставува сериозен удар врз интегритетот и безбедноста на работата во Градското собрание.
Затоа, по правен пат ќе барам утврдување на сите околности околу настанувањето, снимањето и дистрибуцијата на предметната содржина, како и одговорност на оние што временски и контекстуално ја манипулирале и ја пласирале во јавниот простор.
За штетата што е предизвикана со ваквото постапување некој ќе мора да одговара, политички и материјално.
Доколку намерата на ваквите конструкции била обид за мое замолчување преку лични напади и дискредитација, тогаш тоа ги надминува границите на политичкиот разум и легитимната борба. На такви, добро познати репресивни методи не прифаќам и против нив ќе се борам со сите правни и политички средства. Јавноста мора да знае дека овде не станува збор за „снимка“, туку за манипулација.“
Свет
Будимпешта распоредува војска за заштита на енергетскиот систем oд Украина, јави „Ројтерс“
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан ја обвини Украина дека планира активности за нарушување на работата на унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување воени единици и опрема за заштита на критичната инфраструктура.
Ова го пренесе Ројтерс, наведувајќи дека одлуката дополнително го заострува спорот меѓу Будимпешта и Киев околу прекинот на испораките преку нафтоводот „Дружба“.
Орбан рече дека прекинот на нафтоводот Дружба е од „политички, а не технички причини“, а унгарските разузнавачки служби укажуваат на ризик од нови напади врз енергетскиот систем на земјата. Во видео објавено на Фејсбук, тој рече дека наредил зголемена безбедност на клучните енергетски објекти, вклучително и со распоредување воен персонал и опрема во близина на стратешка инфраструктура.
Унгарија и Словачка го обвинија Киев за продолжено прекинување на снабдувањето со руска нафта до нивните рафинерии. Украина претходно изјави дека прекинот е резултат на руски напад со беспилотно летало врз опремата што го опслужува цевководот во западниот дел од земјата. Спорот дополнително ги комплицира односите меѓу Будимпешта и Киев во услови на тековната војна и енергетската зависност на некои земји од Централна Европа.

