Свет
ИДФ: Убивме десетици членови на Хамас во текот на ноќта

Израелските одбранбени сили (ИДФ) известија за тешки борби со Хамас во Појасот Газа во текот на ноќта и тврдат за десетици жртви на Хамас. ИДФ соопшти дека Хамас истрелал противтенковски проектили, активирал експлозив и фрлал гранати врз израелските сили.
ИДФ рече дека одговорил со артилериски оган, тенковски оган, хеликоптерски воздушен напад и ракетен напад од израелската морнарица.
ИДФ извести и за копнен судир меѓу нивните војници и Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Евакуирани 900 лица по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Речиси илјада луѓе се евакуирани денеска во Гватемала откако вулканот Фуего повторно еруптираше, соопштија органите за цивилна заштита.
Лоциран на околу 35 километри југозападно од главниот град на Гватемала, вулкан се активираше, исфрлајќи лава, пепел и карпеста маса.
„Како мерка на претпазливост, започна евакуацијата на околу 125 семејства или околу 900 лица“, соопшти националната служба за управување со катастрофи.
Општинската зграда во градот Алотенанго ќе служи како привремено засолниште за евакуираните.
Властите прогласија состојба на готовност за да одржуваат „постојан контакт со градоначалниците и гувернерите“ на областите во близина на вулканот и „координираат превентивни акции“ во случај на ерупција, соопшти службата.
Владата, исто така, ја прекина наставата во училиштата во областа околу вулканот и го затвори патот што го поврзува југот на земјата со поранешната колонијална престолнина Антигва – главната туристичка дестинација на Гватемала и дел од светското наследство на УНЕСКО од 1979 година.
Свет
Рубио оптимист за претстојните разговори со украинските власти

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази денеска оптимизам за претстојната средба на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија и додаде дека треба да се разработат повеќе детали од договорот за ретки метали меѓу Вашингтон и Киев.
Тој рече дека Вашингтон треба да ја разбере позицијата на Киев и да има општа идеја за тоа какви отстапки може да направи, објави Ројтерс.
Рубио моментално е на пат кон саудискиот град Џеда заедно со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц.
Свет
Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за напредок од двете страни, соопшти Кремљ. Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да се зближи со рускиот претседател Владимир Путин ги вознемири Украина и европските сојузници.
„Ние сме на почетокот на патот кон обновувањето на нашите билатерални односи. Патот пред нас е прилично долг и тежок, но барем двајцата претседатели изразија политичка волја во таа насока“, истакна гласноговорникот на Кремљ, Димитриј Песков.
Песков рече дека е важно да се утврди дали Украина навистина сака мир или не. Украина утре во Саудиска Арабија треба да одржи дипломатски разговори со САД за завршување на војната со Русија.
Тоа ќе биде прва средба меѓу украински и американски претставници по катастрофалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа на крајот на февруари кога се судри со Доналд Трамп, анализираат медиумите.
Зеленски во понеделникот рече дека е подготвен да седне на преговарачка маса што е можно побргу и бара гаранции од САД и Европа за безбедноста на неговата земја.
Украина сака мир и Русија е „единствената причина зошто војната продолжува“, објави тој на „Телеграм“. „Украина сака мир од првата секунда од војната и секогаш сме велеле дека единствената причина поради која војната продолжува е Русија“.