Свет
ИДФ: Цивилните жртви се трагични, но има воена потреба која мора да се исполни
Потполковникот на ИДФ, Петер Лернер, даде интервју за „Скај њуз“,каде што го објасни ставот на израелските воени сили во однос на страдањата на палестинските цивили.
ИДФ ја презеде одговорноста за вчерашниот напад на бегалскиот камп „Џабалија“, каде што неофицијално беа убиени повеќе од 50 луѓе, а повеќе од 150 повредени.
Лернер рече дека ИДФ го нападнала и убила командантот на Хамас по име Ибрахим Бијари.
„Цивилните жртви се навистина трагични, членовите на Хамас намерно се кријат меѓу цивилите“, се правдаше тој.
„Ги извршуваме нашите напади против Хамас. Ова е причината зошто веќе три недели бараме од луѓето од северот да одат на југ“, рече Лернер.
„Знаеме дека Бијари се криеше во „Џабалија“, знаеме дека тие намерно се кријат меѓу цивилите. Цивилните жртви на оваа војна се навистина трагични и гледаме дека оваа терористичка организација не води сметка за човечките животи“, рече тој.
Тој додаде дека ИДФ прави сè за да се обиде да го ограничи бројот на загинати цивили, но додаде дека Хамас „треба да биде уништен“.
Запрашан дали нападот ја прекршил Женевската конвенција, потполковникот Лернер рече дека има воена потреба која мора да се исполни и дека не е јасно колку од загинатите се борци на Хамас, а колку цивили.
„Ние сме решени да го уништиме Хамас и да го разбиеме нивниот режим“, рече тој, а потоа додаде: „Мораме да се запрашаме колку луѓето се подготвени да се жртвуваат“.
ИДФ вели дека Бијари бил еден од лидерите на Хамас одговорни за испраќање милитанти да ги извршат смртоносните напади во Израел на 7 октомври.
Тој е обвинет и за извршување на нападот на пристаништето Ашдод во 2004 година, како и за насочување ракетен оган кон Израел и планирање многубројни напади врз ИДФ во последните две децении.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

