Свет
Избори во Финска: Премиерката Сана Марин во жестока битка да ја задржи својата функција
Парламентарните избори во Финска се одржуваат денеска, а кампањата е обележана со влезот во НАТО и партиите организирани од премиерката Сана Марин.
Финците излегуваат на гласање само неколку дена откако турскиот парламент ја потврди поддршката за влезот на скандинавската земја во НАТО. Приклучувањето кон оваа организација е главната порака на кампањата на партијата СДП, предводена од Сана Марин.
Марин е 37-годишна финска политичарка која ја презеде функцијата од нејзиниот партиски колега Анти Рине во декември 2019 година. Тој ја напушти премиерската функција по скандалот каде се обиде да ги намали платите на голем број работници во финската пошта, а потоа во јавноста објави дезинформации за нивниот штрајк.
Раководството на Марин е генерално добро прифатено меѓу Финците. Најпопуларна беше во периодот на пандемијата COVID-19, а сега малку стивна.
Finnish election fever with less than 10 days left. My 📷 in #Vuosaari
Total of 2424 candidates, 43% are women, highest ever. Of candidates with a foreign background, 2.6% are of foreign origin, while 3.2% of eligible voters are of foreign origin. #vaalit2023 #votingiscaring pic.twitter.com/sRKtEf4jcp
— Kamilla Sultanova (@KamillaUbuntu) March 23, 2023
Особено, популарноста падна кога беа објавени снимки од приватните забави на премиерката, па дури и една слика од официјалната резиденција каде две жени се бакнуваат. Марин се извини за оваа слика, но направи и тест за дрога за да докаже дека на забавите немало употреба на недозволени супстанци.
Без разлика на партиската ситуација, Марин на овие избори влегува во очекување на победа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

