Свет
Кинеската амбасада во Израел се извини што го спореди затворањето на границата со холокаустот
Вршителот на должност во кинеската амбасада во Израел, Даи Јуминг, се извини кога затворањето на израелските граници за кинеските граѓани поради коронавирусот го спореди со судбината на еврејските бегалци што многу земји одбиле да ги примат и заштитат за време на холокаустот.
Тој на прес-конференција изјави дека погрешните ограничувања, како и забраната за влез на кинеските граѓани, го потсетиле на старите денови во Втората светска војна, на холокаустот и најтемните денови во човечката историја, пренесува АП.
„Милиони Евреи беа убиени, а многумина беа одбиени кога побараа помош од други земји. Само неколку земји ги отворија своите врати, а меѓу нив беше и Кина“, рече Даи.
Малку подоцна кинеската амбасада издаде соопштение во кое објаснува дека намерата не е да се споредат најтемните денови на холокаустот со моментната состојба и напорите на израелската влада да ги заштити своите граѓани.
„Би сакале да се извиниме ако некој погрешно ја сфати нашата порака“, велат од амбасадата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ ќе инвестира во воено-индустрискиот комплекс во Украина
Европската унија го менува пристапот кон воената помош за Украина и преминува на инвестиции во воено-индустрискиот комплекс на земјата, кој ќе произведува ракети, беспилотни летала и друго оружје со долг дострел.
Посветеноста на ЕУ од 440 милиони долари за поддршка на украинската одбранбена индустрија „означува значителна промена“ во пристапот на блокот кон војната и исто така ги открива слабостите на нејзиниот одбранбен сектор во производството на оружје и муниција додека Европејците се борат да бидат во чекор со побарувачката, објави украинската новинска агенција Униан, цитирајќи го Вашингтон пост.
ЕУ не може да го произведе целото оружје и муниција што им е потребно на Вооружените сили на Украина, поради што се префрла на инвестиции во украинскиот воено-индустриски комплекс.
Регион
За само еден ден 11 земјотреси го погодија Врање
Од вчера до денес Врање го погодиле дури 11 земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.
Најсилниот земјотрес се случи кај Врање во селото Корбевац со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес е забележан во неделата (13 октомври) во 04:28 часот, а епицентарот бил во селата околу Врањска Бања.
Додека последниот земјотрес беше регистриран рано утринава околу шест часот по локално време, магнитудата беше 2,3 степени според Рихтеровата скала.
Свет
Полска најави распоредување на американскиот противракетен одбранбен систем Егис Ашор
Во Полска беше најавено дека во наредните недели во градот Реџиково ќе биде инсталиран и оперативен американски противракетен одбранбен систем Aegis Ashore(Егис Ашор).
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изрази надеж дека ова оружје ќе може да ги одбие руските ракети, пренесува агенцијата Униан.
Од „Дифенс експрес“ наведуваат дека станува збор „за некаква долгорочна изградба (на капацитет)“, што отвора многу прашања.