Свет
Израелската армија тврди дека е убиен уште еден командант на Хезболах
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека убиле уште еден командант на Хезболах во воздушен напад во јужен Либан.
ИДФ тврди дека е убиен командантот на Хезболах во градот Тајба во јужен Либан, Мохамед Хусеин Рамал.
IDF eliminates Hezbollah terrorist Muhammad Hassin Ramal, commander of Taybeh Brigade. Numerous weapons found in southern Lebanon. Operations in Gaza Strip. More at https://t.co/E2Ggl1W4Fa
— Israel Headline News (@IsraelHeadline) October 18, 2024
Во соопштението се наведува дека Рамал е одговорен за планирање и спроведување терористички активности против Израел, пренесува Тајмс оф Израел.
Се додава дека израелските сили истовремено лоцирале и уништиле неколку ракетни фрлачи подготвени за лансирање кон северот на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
14-годишник со закана со нож и електрошокер одзел патики на тројца врсници во Белград
Полицијата во Белград го уапсила М.М. (14), кој заедно со своите двајца другари, во парк во Белград, со закана со нож и електрошокер одзел патики од малолетни момчиња.
Како што е познато, М.М. им пришол на момчињата Г.В. (13), Л.П. (12) и В.Ж. (14) и со закана со „оружје“ побарал да ги соблечат новите патики. Имал „поддршка“ од неговите двајца пријатели.
Случајот е во надлежност на Вишото јавно обвинителство на Одделот за малолетници во Белград.
Неофицијално, малолетникот бил сослушан во присуство на неговите родители.
Свет
Лагард: Словенија може да биде пример за секого
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за „24ur“ по состанокот на Советот на ЕЦБ, истакна дека Словенија ја гледа како модел на економска стабилност и иновации.
„Словенија, и покрај нејзината мала големина, се издвојува како пример за успешна економска политика во рамките на еврозоната. Нејзиниот глас се слуша на европската сцена, а во исто време брзо се прилагодува на глобалните промени и предизвици, што и овозможува да се натпреварува во динамичната европска економија“, рече Лагард.
Кристин Лагард во интервјуто го изрази своето задоволство од напредокот во ограничувањето на инфлацијата, која пред две години достигна рекордни 10,6 отсто.
„Нашата цел е да постигнеме стабилна стапка на инфлација од два проценти“, нагласи таа и додаде дека оваа цел мора да се заснова на одржливи основи, што значи дека не смее да се постигне само на краток рок. Стабилната инфлација е основната цел на ЕЦБ, бидејќи таа е од суштинско значење за долгорочна економска стабилност“, додава таа.
И покрај нејзината големина, Словенија се издвојува по своите економски перформанси во споредба со другите членки на еврозоната. Лагард особено ја пофали словенечката економија која веќе извесно време бележи повисока стапка на економски раст од просекот на еврозоната. Исто така, Словенија има една од најниските стапки на инфлација и невработеност, што и овозможува да биде постабилна во споредба со другите европски економии.
На прашањето за влијанието на Словенија врз европските монетарни одлуки, Лагард нагласи дека во Управниот совет на ЕЦБ нема помали или поголеми земји, туку сите членки подеднакво придонесуваат со своите мислења. „Словенија е важна членка на еврозоната и нејзиниот глас се слуша“, рече таа.
Европа
(Видео) „Спиев, појасот ми беше врзан и наеднаш се превртевме“: вели патник кој ја преживеа несреќата во Турција
Очевидци на страшната несреќа во Турција, во која според првичните информации шест лица загинаа, а 25 се повредени, велат дека возачот на автобусот со туристи изгубил контрола над возилото пред да се преврти.
Еден од патниците во автобусот опишува што се случило:
„Спиев, појасот ми беше врзан и наеднаш се превртевме“, изјави Рамазан Дурмуш.
Aksaray'da feci otobüs kazası! Ölü ve yaralılar varhttps://t.co/ysCziSN3x7#Aksaray #SonDakika pic.twitter.com/5nxgAyXWC0
— Son Dakika 23 – Elazığ Haber (@sondakika23) October 18, 2024
Се огласи и возачот од автопатот, кого автобусот го претекнал непосредно пред да се преврти:
Штом ме престигна, автобусот почна да оди лево-десно. Мислам дека возачот заспа, ги вклучив долгите светла и почнав да му свирам“, изјавил еден од возачите за „Хариет“.
Турските медиуми јавуваат дека несреќата се случила утринава околу седум часот на 25-от километар од автопатот од Аксарај кон Анкара, недалеку од селото Аџипинар.
По превртувањето, автобусот ја пробил заштитната ограда на автопатот и застанал по околу 90 метри.
📍Aksaray'da ilk belirlemelere göre 6 kişinin can verdiği, 20 kişinin yaralandığı otobüs kazasının ilk görüntüleri geldi.pic.twitter.com/ko9I4h1jWp
— 23 DERECE (@yirmiucderece) October 18, 2024
Во автобусот имало 41 патник, двајца возачи и еден туристички водич. Веднаш по несреќата на местото на трагедијата излегле голем број полициски патроли и противпожарни возила, додека итните служби ги префрлиле повредените во болницата во Аксарај.
Телата на загинатите се пренесени во истата болница каде ќе биде извршена обдукција.