Свет
Израелскиот амбасадор во ОН: Ова не беше напад само врз Израел, туку и врз САД

Израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дени Данон, изјави дека израелските амбасади во целиот свет се ставени во состојба на зголемена готовност откога двајца вработени во амбасада беа убиени во Вашингтон.
„Ова е многу тешка ноќ за сите нас овде во Соединетите Американски Држави“, изјави Данон за Си-ен-ен.
„Тоа беше напад врз Израел, напад врз еврејската заедница, но и напад врз самите Соединети Американски Држави“, рече тој.
Данон потврди дека убиените вработени биле млад пар, кој планирал да се сврши следната недела во Ерусалим. „За жал, тоа нема да се случи“, рече тој.
Тој ги повика светските лидери да преземат поконкретни мерки против антисемитските злосторства од омраза.
„Многу светски лидери ги осудуваат антисемитизмот и злосторствата од омраза, но не прават доволно за да ги спроведат. Очекуваме акции, а не само изјави“, рече Данон.
Двајца вработени во израелската амбасада беа убиени во пукање за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон во средата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Свет
Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од руски ракети и пренесувајќи го своето воено искуство во Европа.
Данското Министерство за индустрија и финансии претходно овој месец објави дека украинската одбранбена компанија „Фаер Поинт“ преместува дел од своите производствени процеси во таа земја, оценувајќи го тоа како важен чекор за безбедноста на Украина, што во исто време „создава нови можности за соработка со данските и европските компании“.
Тоа е првиот чекор во новата иницијатива наречена „Гради за Украина“, за која Данска издвои повеќе од 50 милиони долари за да им помогне на украинските одбранбени компании да започнат бизнис, објавува „Бизнис инсајдер“.
Проектот им овозможува на украинските компании да произведуваат на поконвенционален начин, наместо да го кријат или нарушуваат процесот на производство за да избегнат да станат мети на руски ракети и беспилотни летала.
За Данска и нејзините сојузници, соработката носи директно искуство на украинските компании во производството на оружје за големата војна. Тоа знаење е непроценливо.
Засега, барем јавно, проектот вклучува само една украинска компанија. Компанијата „Фаер Поинт“, која исто така произведува дронови и ракети, планира да произведува ракетно гориво во Данска за одбранбените потреби на Украина. Останатите украински компании кои произведуваат хаубици, ракети, дронови и друго оружје сè уште го прават тоа во земјата.
Свет
Над 2 милиони луѓе останаа во мрак во Мексико

Во југоисточниот дел на Мексико околу 2,3 милиони луѓе синоќа останаа без електрична енергија поради дефект на врските меѓу неколку мрежи.
Прекинот во електроснабдувањето траеше четири часа и предизвика хаос пред сè во сообраќајот, посебно во туристичкиот град Канкун. Во делови од градот речиси два часа беа во прекин телефонските услуги.
Најпогодени од прекинот на електрична енергија беа мексиканските сојузни држави Јукатан, Кампече и Кинтана Ро.