Свет
Израелскиот премиер по нападот: Операцијата ќе трае онолку колку што е потребно

Јаир Лапид, премиерот на Израел, зборуваше откако израелската армија изврши ракетни напади врз цели во Појасот Газа, при што беше убиен и командантот на организацијата Исламски џихад на Палестина.
Во своето прво обраќање до нацијата по операцијата Зора, Лапид рече дека операцијата ќе трае онолку колку што е потребно.
– Израелските сили денеска нападнаа цели на Исламскиот џихад во Газа. Меѓу убиените е и Тајсир ал Џабари, еден од двајцата високи команданти на организацијата. Директивата што ја доби армијата беше јасна. Израел нема да седи со скрстени раце кога има такви кои се обидуваат да им наштетат на неговите цели. Имаме политика на нулта толеранција за какви било обиди за напад на израелска територија – рече Лапид,пренесе Аваз.ба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Џејсон Момоа ја избричи брадата по 6 години: Драстична трансформација во име на екологијата

Актерот Џејсон Момоа со години се смета за еден од најпосакуваните заводници во Холивуд. Овој висок актер е препознатлив по долгата коса и брада, но и по неговото екстремно мускулесто тело.
Сепак, сега реши да направи драстична трансформација, буквално менувајќи го личниот опис. Тој покажа како по 6 години ја избричи брадатa.
View this post on Instagram
„Шест години не сум се избричил, и еве нè повторнo“, напиша Момоа со објава во која се појавува со брич во раката.
Тој ја поврза промената во изгледот со еколошка кампања. Тој го лансираше брендот Mananalu со цел борба против штетната пластика за еднократна употреба, а сега оди чекор понатаму: во партнерство со проектот Boomerang Water, тој воведува состав со затворен циклус кој овозможува прочистување и полнење на вода на лице место, во алуминиумски шишиња за повеќекратна употреба.
Свет
Трамп: Мировен договор за Украина мора да се постигне до 8 август

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека очекува договор за завршување на руската војна во Украина да се постигне најдоцна до 8 август, соопштија денеска САД пред Советот за безбедност на Обединетите нации.
„И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е за постигнување договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека тоа мора да се случи до 8 август. САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за да го обезбедат мирот“, изјави високиот американски дипломат Џон Кели пред Советот.
Трамп пред два дена најави дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки кон Русија за 10 дена, доколку Москва не покаже напредок кон завршување на војната во Украина. Киев и Москва досега одржаа три рунди разговори во Истанбул, кои резултираа со размена на затвореници и тела, но без конкретен напредок во смирувањето на војната што трае речиси три и пол години.
Заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, порача дека Русија планира да ги продолжи преговорите во Истанбул, но се пожали дека „на Запад и понатаму постои страна што ја поддржува војната“.
„Сè уште ги слушаме гласовите на оние кои сметаат дека дипломатијата е само начин да се критикува Русија и да се врши притисок врз неа“, рече Пољански.
Заменичката на украинскиот амбасадор во Обединетите Нации, Кристина Хајовишин, истакна дека Русија мора да се соочи со „единство, решителност и акција“.
„Бараме сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН – и ништо помалку. Повторуваме дека целосно, итно и безусловно примирје е клучно. Тоа е првиот чекор кон запирање на руската агресија врз Украина“, рече таа пред Советот за безбедност.
Свет
Забележана рекордна молња, во должина од Париз до Венеција

Светската метеоролошка организација (WMO) денес објави дека регистрирала рекордно долг удар на молња од 829 километри во САД. Молња удрила на 22 октомври 2017 година за време на грмотевици, пишува Франс Прес.
„Се протегала од Источен Тексас до Канзас Сити, покривајќи растојание еднакво на она помеѓу Париз и Венеција“, соопшти организацијата.
Комитет составен од единаесет научници од САД, Бразил, Германија, Шпанија, Израел и Непал го потврди тој рекорд.
Претходно беше задржан од удар на гром долг 768 километри од април 2020 година, исто така во САД, помеѓу Мисисипи и Тексас.
Блесокот на гром што се гледа денес „не беше откриен за време на првичната анализа на бурата во 2017 година, туку беше откриен за време на повторената проценка“, велат метеоролозите.