Свет
Израелските одбранбени сили: Да, Хамас обезглавуваше бебиња
На најновиот брифинг за медиумите портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Џонатан Конрикус, рече дека војската „може со релативна сигурност да каже“ дека милитантите на Хамас, кои го нападнаа кибуцот Беери, во саботата обезглавија деца.
Портпаролот на Бенјамин Нетанјаху и најмалку еден член на ИДФ ги повторија извештаите за обезглавување на бебиња и други цивили од Хамас, но тие извештаи досега беа поврзани со напади во Кфар Аз.
Тврдењата ги повтори американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето до лидерите на еврејската заедница во средата, но во коментарите подоцна објавени од „Вашингтон пост“ портпаролот на Белата куќа појасни дека ниту американските официјални лица ниту Бајден не ги видел фотографиите или независно ги потврдил таквите извештаи и дека Бајден „своите коментари за наводните злосторства ги базирал на тврдењата на портпаролот на Нетанјаху“.
„Никогаш не помислив дека ќе видам и ќе имам потврдени фотографии од терористи како обезглавуваат деца“, рече Бајден. Тврдењата за обезглавувања беа објавени и во израелските и меѓународните медиуми, но не беа независно потврдени од ‘Гардијан’. Вчера, Јоси Ландау, еден од водачите на „Зака“, израелската доброволна цивилна организација за одговор при итни случаи, наводно изјавил за Би-би-ес њуз“ дека видел деца и бебиња чии тела биле обезглавени. Тој не ја прецизира локацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми
Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА.
„Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција.
ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот, објави ТАСС.
Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани.
Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.