Свет
Израелски пилот привремено приземјен откако по грешка истрелал ракета во Сирија
Пилот на израелското воено воздухопловство (ИАФ) привремено е суспендиран откако истрелал ракета воздух-воздух кон, како што се покажало, лажна цел на израелско-сириската граница на крајот од минатиот месец, објави израелскиот „Канал 12“.
Инцидентот се случил на 28 јуни откако ИАФ ангажирало авион да реагира на сомнителна воздушна цел што се приближувала кон израелскиот воздушен простор над окупираната Голанска Висорамнина, но на крај се покажала лажна.
Според израелските медиуми, истреланата ракета полетала на територија на Сирија и експлодирала. Пилотот на авионот, наводно, бил суспендиран поради сериозна оперативна грешка, но во меѓувреме суспензијата му истекла.
„Канал 12“ не обезбеди други детали за инцидентот и не е јасно дали имало жртви на сириската страна.
Израел призна дека извршил воздушни напади врз Сирија во последниве неколку години, велејќи дека нападите се насочени кон спречување на наводните планови на Иран за наметнување влијание во Сирија за оттаму да го нападне Тел Авив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Целта е да почнеме да користиме летечки автомобили во Србија во 2027 година
Целта на Србија е да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година, изјави вечерва во Давос претседателот Александар Вучиќ, наведувајќи дека за тоа разговарал со претставници на компанијата „Арчер“ на маргините на Светскиот економски форум.
Вучиќ за српските медиуми изјави дека компанијата „Арчер“ е „една од најпознатите компании кои се занимаваат со летечки автомобили, беспилотни авиони и летачки возови“.
„Почнавме да преговараме за купување на најмалку три авиони, а разговараме и со нашите кинески пријатели, кои веќе имаат развиено многу и имаат летечки автомобили во неколку градови. Ќе побрзаме да се обидеме да завршиме се што е поврзано со подготовките и регулативите до средината на 2026 година, за да можеме да возиме летечки автомобили во 2027 година“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека на меѓународната специјализирана изложба Експо 2027, на која е домаќин, Србија сака да покаже „дека е најбрзо модернизирана и најбрзо растечка земја во Европа“.
„Веќе потпишавме некаков меморандум со компанијата Арчер и договоривме за Expo 2027. Ме интересираше дали машината може да биде загрозена ако дојде јато птици. „Навистина не може и е многу побезбедно од хеликоптер“, додаде Вучиќ.
Свет
Трамп: Ќе запрам нелегален влез, ќе прогласам национална вонредна состојба на јужната граница
Во своето инаугуративно обраќање, претседателот Доналд Трамп вети златно доба за Америка, неколку минути откако по вторпат положи заклетва како претседател во извонредно политичко враќање по два обиди за атентат, кривично дело и обвинение за обид да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година.
„Златното доба на Америка започнува сега“, рече Трамп, нагласувајќи дека под негово водство земјата „ќе процвета и ќе биде почитувана“.
Тој тврдеше дека победата му дала мандат да го смени „ужасното предавство на американскиот народ“.
Тој ја осуди администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден и нејзиното справување со мигрантската криза, велејќи дека земјата има криза на „доверба“ во сопствената влада.
Потсетувајќи се на обидот за атентат што го преживеал за време на кампањата, тој рече дека Бог го спасил за да „ја направи Америка повторно голема“ и заклучи дека денот на неговата инаугурација е денот на ослободувањето на земјата.
Ќе прогласи вонредна состојба на јужните граници и ќе бидат стопирани сите нелегални влезови и ќе започне депортацијата на илегалните мигранти, што беше поздравено со аплауз од толпата. Тој повторно ќе ја воведе антиимигрантската политика „престој во Мексико“ и ќе испрати војска да „одбие деструктивна инвазија на земјата“.
Тој ќе ги прогласи нарко-картелите за терористички организации со цел да го спречи влезот на дрога во земјата, а најави и жестоко сузбивање на криминалот во земјата.
Тој најави и промена на енергетската политика.
Америка повторно ќе има производство, вклучително и автомобилската индустрија, и ќе произведува енергија што ќе се извезува низ целиот свет, рече Трамп.
Свет
Бајден ги помилува членовите на семејството во последните минути од претседателскиот мандат
Џо Бајден помилува членови на неговото семејство во последните минути од неговиот претседателски мандат.
„Моето семејство беше подложено на немилосрдни напади и закани, мотивирани исклучиво од желбата да ме повредат – најлошиот вид на партиска политика. За жал, немам причина да верувам дека овие напади ќе престанат“, рече тој во изјавата објавена неколку минути пред церемонијата на инаугурација на која Доналд Трамп стана нов американски претседател, пренесува Си-Ен-Ен.
„Затоа, според Уставот, јас го користам моето овластување да ги помилувам Џејмс Б. Бајден, Сара Џонс Бајден, Валери Бајден Овенс, Џон Т. Овенс и Френсис В. Бајден“.
Тој веќе го помилува својот друг син, Хантер, минатиот месец пред неговата пресуда за федерално кривично дело за оружје и данок.
Тој, исто така, издаде превентивно помилување за јавни функционери на кои претходно им се закануваа Трамп и други републикански функционери.