Контакт

Свет

Израелски функционер: Нетанјаху им е лут на Бајден и на ЦИА

Објавено пред

Израелски функционер рече дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучил да се соочи со американскиот претседател Џо Бајден и дека односите меѓу двете страни се приближуваат до точка од која нема враќање, според написите во регоналните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Израелскиот „Канал 12“ цитира висок израелски функционер дека Нетанјаху е лут поради извештајот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), кој укажува на можноста израелскиот премиер да ја загуби власта.

Израелскиот функционер додаде дека Нетанјаху, по извештајот на ЦИА, решил да се вклучи во силна конфронтација со Бајден.

Оценката на американската разузнавачка заедница беше дека постои зголемена недоверба кај Израелците во способноста на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да продолжи да владее со земјата, а се предвидува и избувнување големи протести со барање негова оставка. Исто така, сметаат дека има големи шанси за формирање, како што ја нарекоа, поинаква, поумерена влада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Објавено пред

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.

dobivaj vesti na viber

„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.

Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.

„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.

„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.

Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.

Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Меѓуѕвезден објект се движи низ Сончевиот систем со неверојатна брзина, потврдија научниците

Објавено пред

Научниците го потврдија откривањето на третиот познат меѓуѕвезден објект кој влегол во Сончевиот систем. Објектот, кој моментално се движи со 245.000 километри на час, првпат беше откриен од Системот за рано предупредување за астероиди (ATLAS) на 1 јули. Сега е официјално класифициран како 3I/ATLAS, потврдија Центарот на НАСА за студии на објекти во близина на Земјата и Меѓународната астрономска унија (IAU).

dobivaj vesti na viber

Потекнува од друг ѕвезден систем
Астрономите веруваат дека 3I/ATLAS доаѓа надвор од нашиот Сончев систем врз основа на две клучни карактеристики: неговата екстремно голема брзина и неговата издолжена орбита. Објектот има орбитална ексцентричност од 6,3, што е далеку поголема од која било досега измерена за тело во Сончевиот систем – границата за „бегство“ од гравитацијата на Сонцето е ексцентричност поголема од 1.

Ова значи дека не е гравитационо врзан за Сонцето и дека, откако ќе ја помине најблиската точка, ќе се врати во меѓуѕвездениот простор.

Само трет пат во историјата
Првиот потврден меѓуѕвезден објект беше Оумуамуа, откриен во 2017 година, а вториот беше кометата 2I/Борисов, откриена во 2019 година. Спротивно на тоа, 3I/ATLAS беше идентификуван и потврден како меѓуѕвезден објект за само неколку дена.

Сè уште не е познато дали станува збор за комета или астероид – официјалната класификација моментално е „комета“, но објектот не ги покажува вообичаените карактеристики на комета. Некои научници претпоставуваат дека станува збор за астероид долг 20 километри.

Лета кон Сонцето, но не ја загрозува Земјата
Моментално, 3I/ATLAS е во орбитата на Јупитер и ќе достигне перихел – точката најблиску до Сонцето – на 29 октомври, во близина на орбитата на Марс. Ќе помине најблиску до Земјата во декември, но не претставува закана за нашата планета.

Ваквите откритија се ретки, но научниците веруваат дека би можеле да станат почести. Според новите истражувања, илјадници слични објекти од ѕвездени системи како Алфа Кентаур можеби веќе патуваат до рабовите на нашиот систем. Некои од нив, иако мали како зрна песок, би можеле редовно да паѓаат во атмосферата на Земјата, незабележано.

Благодарение на новите опсерватории како опсерваторијата Вера Рубин, можноста за откривање на вакви меѓуѕвездени „патници“ се зголемува. За само 10 часа тест снимање, Рубин откри повеќе од 2.000 претходно непознати астероиди, што е еден вид најава за нова ера на истражување на вселената.

Прикажи повеќе...

Свет

Министерот за финансии на САД: 100 земји би можеле да се соочат со реципрочни царини од 10 проценти

Објавено пред

Околу 100 земји веројатно ќе бидат погодени со реципрочна царина од 10 проценти, изјави вчера американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува „поплава од трговски договори“ пред крајниот рок за договор на 9 јули, по што царините би можеле нагло да се зголемат.

dobivaj vesti na viber

„Ќе видиме како претседателот сака да се справи со преговарачите, дали е задоволен дека преговараат со добра намера“, изјави Бесент за телевизијата Блумберг.

„Мислам дека околу 100 земји ќе добијат само минимална реципрочна царина од 10 проценти, и оттаму ќе продолжи. Затоа мислам дека ќе видиме многу активности во наредните денови“, рече Бесент.

Администрацијата на Соединетите Американски Држави преговара со повеќе од десетина трговски партнери за да се обиде да постигне договори за намалување на царините пред предвидениот рок, вклучувајќи ги Индија, Јапонија и Европската Унија.

Американскиот претседател Трамп претходно објави договор со Виетнам со кој ќе се намалат американските царини за многу виетнамски производи на 20 проценти, во споредба со претходната закана од 46 проценти, при што многу американски производи ќе влегуваат во Виетнам без царина.

Трамп ги суспендираше најавените високи царини за увоз од трговски партнери пред три месеци и даде рок до 9 јули за постигнување договор.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа48 минути

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин-Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион1 час

(Видео) Студенти: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија2 часа

Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија2 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ13 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија14 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија14 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија15 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија18 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија19 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ20 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ22 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион1 ден

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа1 ден

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа1 ден

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет1 ден

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет1 ден

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет1 ден

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет1 ден

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија1 ден

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...