Свет
Израелците предупредени да избегнуваат големи спортски и културни настани во странство
Советот за национална безбедност на Израел ги советуваше Израелците во странство да не присуствуваат на големи спортски и културни настани оваа недела поради инциденти пред и по натпреварот Ајакс-Макаби Тел Авив на 7 ноември во Амстердам, главниот град на Холандија, јавува Анадолија.
Во соопштението од Советот, Израелците беа повикани да се држат настрана од протестите во странство, да не го откриваат својот израелски и еврејски идентитет и да избегнуваат големи спортски и културни настани оваа недела.
Околу 4.000 полицајци и жандарми ќе бидат мобилизирани за натпреварот од Лигата на нации меѓу Франција и Израел.
Хаотични сцени избувнаа во Амстердам доцна во четвртокот кога приврзаниците на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив предизвикаа насилство на улиците на холандскиот град со рушење на палестинските знамиња од приватен имот и извикување навредливи слогани.
Инцидентите се случиле пред и по натпреварот Макаби против Ајакс, а медиумите јавуваат дека израелските навивачи се судриле со минувачите, вандализирале имот и палеле палестински знамиња.
Навивачите на Макаби од Тел Авив организираа произраелски протести на плоштадот Дам пред натпреварот, палејќи факели и извикувајќи слогани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Таткото ги пронашол трите деца избодени до смрт, мајката во бегство во Франција
Маж од Франција ги пронашол своите три деца избодени до смрт во семејната куќа.
Според извештајот на британскиот „Дејли Мејл“, неименуваниот татко синоќа ги пронашол своите деца мртви во својот дом во Таненц, ски-центар во близина на француската граница со Швајцарија – два сина на возраст од 2 и 11 години и една ќерка на 13 години.
Мајката на децата, 45-годишна жена за која локалните медиуми објавија дека боледувала од депресија, моментално е во бегство и е главна осомничена за ова дело.
Според „Le Parisien“, по неа трагаат 60 полицајци, со поддршка од хеликоптери и нуркачки тимови.
Француската полиција во моментов разговара со роднините на семејството за да собере дополнителни информации.
Свет
Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата
Шпанската полиција го уапси поранешниот висок полицаец Оскар Санчез Гил кога во ѕидовите и таваните на неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра.
Полицијата ги пронашла парите при рација во неговата куќа во градот Алкала де Енарес, кој се наоѓа на 30 километри источно од Мадрид, објави „Гардијан“.
Исто така, во канцелариј0ата на Санчез Гил биле пронајдени милион евра скриени во два заклучени плакара, во банкноти од 50 до 500 евра. Санчез Гил и неговата партнерка се обвинети за трговија со дрога, перење пари, корупција и членство во криминална организација.
По појавувањето на судот во Мадрид минатата недела, на двајцата им беше одреден притвор. Санчез Гил, кој до неодамна беше началник на одделот за борба против измами и перење пари на шпанската полиција во Мадрид, беше уапсен заедно со уште 15 лица, меѓу кои и неговата партнерка, која исто така е полицаец во Мадрид.
Истрагата е поврзана со заплената на 13 тони кокаин, кој беше запленет минатиот месец во пристаништето Алгесирас на југот на Шпанија.
Кокаинот, кој бил скриен во кутии со банани, пристигнал од Гвајакил, најголемиот град во Еквадор, кој е познат како центар на трговијата со дрога.
Според информациите од истрагата, Санчез Гил бил под сомнеж од неговите колеги, кои го прислушувале неговиот телефон.
Официјални извори наведуваат дека тој бил осомничен дека најмалку пет години работел за дилери на дрога и дека им давал информации за надзор на контејнерите во шпанските пристаништа, што им овозможило да ги избегнат контролите.
Регион
Рама со остри критики за самитот за климатските промени: Што, всушност, правиме на оваа средба, луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат
Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикува самитот за климатските промени COP 29 во Баку и се прашуваше која е смислата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.
„Луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува секој ден во светот. Животот продолжува со старите навики, а нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – не менуваат ништо“, рече Рама, пишува „Гардијан“.
Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој посочи дека емисиите на јаглероден диоксид се зголемени од последниот самит на COP.
„Што значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега. Што, всушност, правиме на оваа средба повторно и повторно ако не постои заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за вистинска промена“, праша Рама.