Свет
Израелците се повлекоа од болницата во Газа по две недели напади: „Убивме 200 терористи“
Израелските сили се повлекоа од болницата „Ал Шифа“ во Газа по двонеделната операција за време на која во судирите убиле палестински вооружени лица и заплениле оружје и разузнавачки документи, соопшти денеска армијата. Локалните медиуми јавуваат за големо уништување на болницата.
Се наведува дека чистењето на најголемата болница во енклавата пред војната било извршено „без повредување на цивилите, пациентите и медицинските тимови“.
Локалните медиуми јавија дека операцијата предизвикала голема штета на зградите на најголемиот медицински комплекс во Појасот Газа, пренесува ДПА.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја опиша операцијата во неделата вечерта во болницата „Ал Шифа“ како голем успех. Тој зборуваше за „прецизна и хируршка“ воена операција. Повеќе од 200 терористи беа убиени, а стотици се предадоа, рече Нетанјаху.
Според Израел, палестинската исламистичка организација Хамас повторно воспоставила борбени и командни пунктови во голема област на болничкиот комплекс откога израелската армија веќе упадна во болницата во ноември.
Израел го обвинува Хамас за систематска злоупотреба на медицинските установи за воени цели. Хамас го негира ова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
САД ги укинаа санкциите за Додик
САД одлучија да ги укинат санкциите за неколку лица од Република Српска, што е поврзано со неофицијален договор меѓу Милорад Додик и новата американска администрација.
Санкциите беа укинати за Милорад Додик, Жељка Цвијановиќ, семејството Додик, нивните компании и многу други блиски соработници.
Во петок, 17 октомври, САД ги укинаа санкциите за четворица блиски соработници на Додик, кои првично беа ставени на црната листа за организирање и промовирање на неуставниот „Ден на РС“. Тие се Јелена Пајиќ Баштинац, Данијела Драгичевиќ, Горан Раковиќ и Дијана Миланковиќ.
Неофицијални извори тврдат дека укинувањето на санкциите е резултат на договор меѓу САД и Додик, според кој Додик морал да ја напушти функцијата претседател на РС по конечната пресуда и да назначи вршител на должноста претседател.
Откако Ана Тришиќ-Бабиќ беше избрана за вршител на должноста претседател на Република Српска, со што се исполни тој дел од договорот, Америка постепено ги укинува санкциите за другите соработници на Додик, а тој процес треба да биде завршен до крајот на овој месец.
Свет
„Тоа не е повлекување на САД од Европа“: Американската војска за намалување на силите
Повлекувањето на американската бригада од Романија не значи „повлекување“ од европскиот континент, објави денес американската армија.
„Ова не е повлекување на САД од Европа, ниту е знак за намалена посветеност на НАТО и Член 5, кој предвидува дека секоја од 32-те земји на Алијансата мора да ѝ помогне на земја-членка во случај на напад“, нагласи американската војска во соопштение од нејзиното европско седиште.
„Напротив, тоа е позитивен знак за зголемени капацитети и одговорности во Европа“, соопшти американската војска.
Армијата појасни дека Втората борбена пешадиска бригада на 101-та воздушно-десантна дивизија, со седиште во Романија, ќе се врати во своето седиште во Кентаки и нема да биде заменета.
Во соопштението не е наведено колку војници биле вклучени, но бригадата обично брои помеѓу 3.000 и 5.000.
Романските власти објавија дека 1.000 војници ќе останат стационирани по прераспоредувањето.
Фото: принтскрин
Свет
Специјалниот пратеник на Путин: Не сакаме конфликтот во Украина да ескалира во нешто поголемо
Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, на инвестициска конференција во Саудиска Арабија изјави дека војната во Украина би можела да заврши во рок од една година.
Дмитриев го изјави ова по состанокот со претставници на американската администрација во САД минатиот викенд.
„Сигурни сме дека сме на патот кон мир“
Неговата посета доаѓа по одлуката за одложување на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Сигурни сме дека сме на патот кон мир и како миротворци мора да го оствариме тоа“, изјави Дмитриев, кој е и извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, на конференција во Ријад.
На прашањето дали мирот во Украина е можен во рок од една година, Дмитриев рече: „Верувам дека е“.
Дмитриев во САД рече дека САД и Русија се блиску до „дипломатско решение“ за војната.
Пофалби за соработката меѓу САД, Саудиска Арабија и Русија
Дмитриев ја пофали соработката меѓу САД, Саудиска Арабија и Русија како земји со најголеми резерви на природни ресурси во светот и рече дека таквата соработка ќе го направи светот побезбеден.
„Луѓето сега се фокусирани на регионалниот конфликт околу Русија, но не сакаме тој да ескалира во поголем конфликт. И за да се случи тоа, треба да направиме подобро отколку што правиме, а не полошо“, рече тој.

