Свет
Израел: Мажи на возраст од 16 до 30 години добиле воспаление на срцевиот мускул по вакцината на „Фајзер“

Израелското Министерство за здравство објави дека открило помал број воспаленија на срцевиот мускул кај помлади мажи кои примиле вакцина на „Фајзер/Бионтек“.
Во Израел се откриени 275 случаи на миокардит во периодот од декември до мај, меѓу пет милиони вакцинирани лица, објави Министерството за здравство по направената студија за испитување на ова прашање, објави „Ројтерс“.
Повеќето пациенти кои имале миокардит не поминале повеќе од четири дена во болница, а 95% од случаите биле класифицирани како лесни.
Во студијата стои дека постои можна врска помеѓу приемот на втората доза од вакцината на „Фајзер“ и појавата на миокардит кај мажи на возраст меѓу 16 и 30 години“, се вели во соопштението.
Според наодите од студијата, таквата врска е забележана повеќе кај мажите на возраст од 16 до 19 години, отколку во другите групи.
Од „Фајзер“ во изјавата велат дека се свесни за израелското откритие на миокардитот, но додаваат дека не е постои сигурна поврзаност со нивната вакцина.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) минатиот месец предложи понатамошна студија за врската помеѓу миокардитот и вакцините против МРН на „Модерна“ и „Фајзер“.
Системите за надзор на американскиот центар за контрола не пронајдоа поголем број случаи, но советодавното тело препорача здравствените центри да бидат свесни за извештаите од потенцијални негативни ефекти.
Во пресрет на очекуваната одлука за започнување на вакцинирање на деца на возраст од 12 до 15 години во Израел, Министерството за здравство издаде соопштение во кое нема препораки, но се наведува дека тим експерти ја испитуваат ситуацијата со цел да дадат препорака на министерот.
Израелските медиуми објавија дека програмата за вакцинација за деца може да започне в недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.