Свет
Израел нема да ја анектира долината на Јордан во првата фаза
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во најбргу што може ќе ја објави анексијата на три големи еврејски града на Западниот Брег, но засега нема да се изјаснува во врска со долината на Јордан или другите населби, изјавија високи израелски власти, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху вети дека ќе почне со анексија со благослов на САД, но датумот 1 јули е прелиминарен во неговиот договор за коалиција со алтернативниот премиер и министер за одбрана, Бени Ганц. САД ставија до знаење дека не треба да се прават еднострани чекори кон анексија пред да се заврши мапирањето од страна на Комитетот за територија, што може да трае со недели, па дури и со месеци.
Нетанјаху сега, веројатно, ќе ги одложи повеќето планови за анексија и ќе работи само на проширување на суверенитетот над градовите Меале Адумим и Ариел, како и големиот блок Гуш Ецион јужно од Ерусалим, објави весникот на хебрејски јазик „Зман Јизраил“.
Според извештајот, овие три области се во рамките на поширокиот консензус како во Израел така и во САД за ставање под израелскиот закон. Властите велат дека одлуката да се фокусираат на помалку спорните области ги зема предвид односите на Јордан со САД.
Кралот Абдула од Јордан предупреди на масовен судир ако Израел продолжи со плановите да наметне суверенитет врз делови од Западниот Брег предизвикувајќи загриженост дека Хашмитското Кралство, дури може и да го поништи својот мировен договор со еврејската држава.
Потегот за трите блока ќе биде само првиот чекор, велат официјалните лица, и ќе следува поголема анексија. Тие велат дека во сегашната политичка клима овој потег ќе биде направен еднострано.
Палестинскиот премиер Мохамед Штајјхе во вторникот предупреди дека ако Израел продолжи со плановите, Палестинците еднострано ќе прогласат држава заснована на линиите пред 1967 година. Според Штајех, израелските планови за примена на суверенитетот врз еврејските населби на Западниот Брег и во долината на Јордан претставувааат егзистенцијална закана за Палестинците и ги кршат сите договори на Ерусалим со Рамалах.
Тој ја повика меѓународната заедница да го санкционира Израел ако продолжи со плановите.
Штајен неосновано тврдеше дека Израел веќе презел мали мерки на терен во Јорданската Долина како подготовка за анексијата, вклучително и испраќање сметки за комунални услуги на арапските жители и отстранување на знаците на кои се вели: „По оваа точка е палестинско“.
Меѓутоа, според „Џерусалем пост“, кој ги цитира Палестинците во долината на Јордан, ниту еден знак не е отстранет или заменет. Израел исто така со децении им наплаќа на палестинските жители во областа за вода и електрична енергија.
Мировниот план на администрацијата на Трамп предвидува Израел да анектира 30 отсто од Западниот Брег и долината на Јордан. Исто така, предвидува демилитаризирана палестинска држава основана на поголемиот дел од Западниот Брег со делови од источен Ерусалим, кои се наоѓаат надвор од израелската безбедносна ограда како нејзин главен град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

