Свет
Израел: Со новиот закон ќе им се одзема државјанството на арапските затвореници

Во израелскиот парламент е предложен нацрт-закон со кој, ако биде изгласан, ќе му се одземе државјанството на кој било арапско-израелски затвореник кој прифатол стипендија од палестинските власти, пренесува Arab48.com.
Палестинската Самоуправа плаќа такви стипендии за да им помогне на семејствата на затворениците.
Нацрт-законот вчера го поднесоа членовите на Кнесетот, Ави Дихтер од партијата Ликуд и Орит Сток од партијата Верски ционизам. Со него се засегнати сите палестински или арапски израелски државјани осудени за тероризам или за вршење непријателски дејствија, а особено палестинските затвореници од Ерусалим и арапските државјани на Израел.
Според двајцата членови на Кнесетот, државјанството на затворениците треба да им биде одземено, дури и ако ја отслужиле казната во израелските затвори. Покрај тоа, предлог-законот предвидува депортација на овие луѓе од Израел или од териториите што ги зазема и ги контролира Израел во областите контролирани од Палестинската Самоуправа.
Секој што е засегнат од оваа постапка ќе има право да го поврати израелското државјанство ако се откаже од пензијата и ги врати парите добиени додека бил во притвор и по ослободувањето. Четириесет и двајца членови на Кнесетот го потпишаа предлог-законот пред да биде доставен на гласање.
Во октомври минатата година Дихтер предложи сличен нацрт-закон. Само осумнаесет членови на Кнесетот го потпишаа тој нацрт-закон, кој не помина на ниедно читање во парламентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп им нуди на странците златни билети од 5 милиони долари за живот и работа во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека САД ќе почнат да продаваат „златни билети“ во вредност од пет милиони долари на странци кои сакаат да се преселат во САД и да отворат работни места. „Богатите луѓе ќе дојдат во оваа земја со купување на овој билет. Тие ќе бидат богати, ќе бидат успешни, ќе потрошат многу пари, ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе“, изјави американскиот претседател за новинарите во Белата куќа.
„Тоа е некако како зелена карта“ за постојан престој во Соединетите држави, „но на повисоко ниво на софистицираност“, рече Трамп, додавајќи дека „златната карта“ ќе им овозможи на нејзините иматели пристап „кон државјанство“ на долг рок.
Руските олигарси, од кои повеќето се под санкции на САД по руската инвазија на Украина, потенцијално ќе можат да аплицираат за програмата. „Познавам некои руски олигарси кои се многу добри луѓе“, рече Трамп. „Можно е“ тие се подобни за програмата, додаде тој.
Трамп рече дека новата програма за имиграција би можела да почне да функционира за околу две недели. „Златните картички“ ќе ја заменат имиграциската програма „ЕБ-5“, која им овозможи на странските инвеститори со големи суми пари да отворат работни места во САД и да добијат постојан престој во земјата.
Американскиот секретар за трговија Хауард Лутник рече дека постоечката програма е склона кон измама и е „начин да се добие зелена карта по ниска цена“.
Свет
Хамас и Израел се договорија за размена на затвореници и тела на заложници

Хамас објави дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата на четворица израелски заложници.
Решението е ослободување на палестинските затвореници истовремено со телата на израелските заложници убиени во првата фаза од прекинот на огнот, соопшти исламистичката милитантна група. Хамас соопшти дека неговата делегација, предводена од шефот на групата Калил Ал-Хаја, ја повторила својата посветеност на договорот за прекин на огнот „со сите фази и клаузули“.
„Тие (палестинските затвореници) ќе бидат ослободени истовремено со телата на израелските затвореници (заложници) за кои беше договорено да бидат предадени во првата фаза“, објави Хамас.
Израел во саботата го одложи ослободувањето на 620 Палестинци бидејќи Хамас ги ослободуваше израелските заложници на „понижувачки начин“. Изјавата на Хамас сугерира дека е избегната криза што можеше да го наруши кревкиот договор за прекин на огнот. Официјален Израел се уште не се огласил.
Сепак, неколку израелски медиуми, повикувајќи се на израелски официјални лица, го потврдија договорот меѓу двете завојувани страни што го објави Хамас.
Тајмс оф Израел објави, цитирајќи официјален претставник, дека ослободувањето ќе биде извршено преку Египет во среда. Израелските власти во вторникот изјавија дека Израел размислува за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа, бидејќи се обидува да ги врати дома преостанатите 63 заложници, додека засега го одложува договорот за иднината на енклавата.
Првата фаза од договорот за прекин на огнот, започната со поддршка на САД и помош на египетските и катарските посредници на 19 јануари, треба да заврши во сабота и не е јасно што ќе се случи понатаму.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата руска рафинерија на Црното Море со дронови, објавени снимки

Украина го нападна јужниот руски регион Краснодар со голем број беспилотни летала во текот на ноќта, оштетувајќи неколку куќи, вклучително и една во црноморското пристаниште Туапсе, соопштија руските власти. Три станбени згради се оштетени низ целиот регион и нема извештаи за повредени, објави гувернерот Вениамин Кондратиев на апликацијата за пораки Телеграм.
Беше запалена куќа во Туапсе, но пожарот во меѓувреме е изгаснат, објави на истата платформа Сергеј Боико, градоначалникот на Туапсе.
🇺🇦💥🇷🇺
Ukraine has launched a massive drone attack in the Krasnodar region, Russia.Locals say that an air battle has been going on over the seaport of Tuapse for a long time. Locals have heard several dozen explosions.
They complain that this has never happened before. pic.twitter.com/FgD6S6JZdt— NoHoldsBarred (@AussieSteve64) February 26, 2025
SHOT, руски информативен канал на Телеграм, објави дека се чини дека украинските беспилотни летала ја гаѓаат областа на пристаништето и дека жителите слушнале приближно 40 експлозии и мислеле дека тоа е звук на системи за противвоздушна одбрана.
Ројтерс не можеше независно да ја потврди објавата на SHOT. Украина се уште не коментираше.
/1. Russian media report that around 2 a.m. on February 28. Two drones with explosives attacked the Rosneft oil depot near the city of Tuapse. Distance to the territory controlled by Ukraine from there is +430km. pic.twitter.com/lfXDzv0m6J
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) February 28, 2023
Туапсе е дом на најголемата руска нафтена рафинерија на Црното Море и неколку пати беше мета на украински беспилотни летала од почетокот на војната што Москва ја започна против нејзиниот сосед пред три години.
Руската агенција за воздухопловство Росавијација на Телеграм објави дека блискиот меѓународен аеродром во Сочи, на околу 150 километри југоисточно од Туапсе, од синоќа е затворен за воздушниот сообраќај за да се обезбеди безбедност на воздухот.