Свет
Израел: Убивме 1.500 борци на Хамас
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас се убиени 900 Израелци. Покрај тоа, на израелска територија се пронајдени телата на 1.500 милитанти на Хамас, изјави портпаролот на ИД.
Од масовниот упад во саботата се водат жестоки борби меѓу голем број милитанти на Хамас и ИД. ИД ги објави имињата на 123 војници за кои вели дека биле убиени од почетокот на војната. Потврдено е и дека војник со чин потполковник загинал во престрелка на северната граница со Либан, иако тоа не било судир со Хезболах, соопшти ИД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пронајдени телата на двете девојки што ги однесе реката во Италија, потрагата по момчето се’ уште трае
Телата на двете девојки кои исчезнаа пред неколку дена заедно со млад човек кога ги однесе надојдената вода додека стоеја прегрнати, се пронајдени денеска околу пладне во реката Натисон во Премариакo.
Оваа информација ја потврди и градоначалникот на Премариакo, Микеле де Сабата.
Станува збор за Бјанка Дорох, 23-годишна девојка која пристигнала од Романија пред неколку дена да ги посети родителите кои живеат во Удине, но и да се состане со своето момче Кристијано Касијано Молнар (25) кое живее во Австрија; и Патриша Кормос, која утрото пред да замине на брегот го положила испитот на Академијата за ликовни уметности во Удине.
Како што пишува италијанскиот Тикали, телата на девојчињата ги пронашле припадниците на Цивилната заштита на неколку стотини метри од местото каде што ги одвлекла поројната вода.
Потрагата по Кристијано продолжува. Како што соопшти градоначалникот Де Сабата, во потрагата се вклучиле и голем број волонтери и граѓани.
Свет
Се судрија два авиони на аеромитинг во Португалија
Најмалку едно лице загина во несреќата што се случи денеска на аеромитингот во Португалија, кога се судрија два авиони.
Според Управата за цивилна заштита, констатирана е смрт на едно лице, а најмалку едно е повредено.
Несреќата се случила околу 16 часот по локално време, додека пилотите изведувале маневри.
Спасувачките екипи се на терен.
Регион
(Видео) Aвтомобил влета во публиката на трка во Осиек, има повредени
Четири лица се повредени и префрлени во Клиничкиот болнички центар Осиек, Хрватска, откако денеска на улична трка на 31. улица Осиек Стрит Рајс во нив удри автомобил.
Според првичните информации автомобилот изгубил контрола, излетал од патеката и удрил во гледачите.
Несреќата се случила веднаш по почетокот на трката.
Двајца од четворицата повредени имаат отворени скршеници на ногата, објави Јутарњи лист.
Повредените седеле во првиот ред на трибината која била поставена веднаш до патеката.
„Еден од возачите изгубил контрола над возилото и удрил во трибината, при што повредил неколку гледачи. Со брзата реакција на лекарскиот тим на сите повредени им е укажана помош и никој не е во животна опасност “, соопшти организаторот.