Свет
Израел ја презеде контролата над својата граница со Газа
Израел целосно ја обнови контролата над својата граница со Појасот Газа, соопшти војската.
Портпаролот рече дека во последните 24 часа не се регистрирани дополнителни инфилтрации и дека нема докази за прекугранични тунели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Експлозија на универзитет во Санкт Петербург
Експлозија се случи на еден од универзитетите во Санкт Петербург, пренесува РИА Новости.
Според претставникот на прес-службата на регионото во кој се наоѓа универзитетот, граѓанин ја известил итната помош за експлозијата што се случила на територијата на воената академија лоцирана на булеварот Тихорецки.
Сите служби излегоа на терен, а засега нема информации дали има повредени во експлозијата, пренесува медиумот.
Регион
Дачиќ: Припадниците на полицијата евакуираа девет лица од возовите
Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да стигнат до местото и евакуирале девет повредени лица и ги предале на екипите на итната помош за понатамошно лекување.
„Припадниците на српската полиција се уште се на терен и ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност“, изјави Дачиќ.
Свет
Израелската армија пронајде тела на тројца заложници од Газа: Меѓу нив е и Шани Лук, која беше киднапирана на фестивал на првиот ден од војната
Контраадмиралот Даниел Хагари од израелските одбранбени сили изјави дека армијата пронашла три тела на заложници од Газа, меѓу кои и Шани Лук (22), млада девојка која стана симбол на нападот на Хамас по киднапирањето на музичкиот фестивал.
Хагари рече дека телата – идентификувани како Ицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук – биле откриени во операција во текот на ноќта на армијата и израелската служба за безбедност Шин Бет.
Војската не соопшти веднаш детали за тоа каде се пронајдени нивните тела.
Медиумите потсетуваат дека Шани беше на мировниот музички фестивал во близина на Кибуц Урим кога се случи нападот на 7 октомври минатата година. Прво биле испукани ракети, а потоа се појавиле вооружени милитанти кои почнале да пукаат кон толпата, пренесе „Инсајдер“. Посетителите на фестивалот изјавија за Си-Ен-Ен дека луѓето веднаш почнале да бегаат од масакрот, поминувајќи преку мртвите тела на земја.
Недолго по нападот на фестивалот, почна да кружи видео снимка од млада жена опкружена со милитанти на Хамас. Војник ја држел за косата а некои лица ја плукале по телото.
Нејзиното лице не се гледало, но семејството успеало да ја препознае благодарение на нејзините карактеристични тетоважи, напиша „Вашингтон пост“.
Потоа, Рикарда Лук, мајката на Шана, преку видео побара информации за судбината на нејзината ќерка, која имаше 20-ти години и има двојно германско-израелско државјанство, но немало спас за неа, пренесувааат светските агенции.