Свет
Илон Маск, и покрај забраната, се закани дека ќе ја отвори фабриката во Калифорнија
Американскиот произведувач на електрични автомобили „Тесла“ повторно ќе ја отвори фабриката во Калифорнија, објави првиот човек Илон Маск, најавувајќи притоа судир со локалните власти за мерките за сузбивање на пандемијата.
Маск минатиот викенд се судри со локалните здравствени работници во округот Аламеда и се закани преку „Твитер“ дека ќе ја пресели фабриката во Тексас или Невада. Најави и тужби.
Tesla is restarting production today against Alameda County rules. I will be on the line with everyone else. If anyone is arrested, I ask that it only be me.
— Elon Musk (@elonmusk) May 11, 2020
Во друг твит потсети дека автомобилските компании во другите делови на САД веќе добиле дозвола за продолжување на работата, а прописите во округот Аламеда тоа сè уште не го дозволуваат.
Маск сака веднаш да се отвори неговата фабрика во Фермонт, но локалните власти го одложија отворањето за речиси една недела за да бидат сигурни дека ширењето на коронавирусот е спречено.
Маск најави почеток на производството, а компанијата ги повика вработените да се вратат на своите работни места.
„Тесла“ денеска повторно продолжува со производството спротивно на прописите на округот Аламеда. Ќе биде на удар како и сите други. Ако некој мора да биде уапсен, барам тоа да бидам само јас“, напиша Маск на „Твитер“.
Некои делови на Калифорнија веќе овозможија повторно да се отворат некои фабрики.
За да се намалат тензиите меѓу компаниите и локалните власти, гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом, најави дека „Тесла“ и други произведувачи ќе може повторно да ги отворат своите фабрики веќе следната недела.
Ризиците од прераното отворање на земјата денеска ќе бидат во фокусот на владиниот состанок во САД. Високиот претставник на здравствениот систем на САД, Ентони Фаучи, во Сенатот предупреди на можните последици од предвременото отворање на економијата нагласувајќи дека тоа би можело да доведе до непотребни закани и смрт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

