Свет
Илон Маск коментира за Бил Гејтс: Тој нема поим
Четвртата најбогата личност во светот ја нападна втората најбогата личност во светот.
Кога коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, се посомнева во одржливоста на електричните камиони, извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, напиша дека смета оти Гејтс нема поим.
Маск во саботата одговорал на прашањето на корисникот на „Твитер“ за тоа што мисли за изјавата на Гејтс за електричните возила.
Good Day. What’s your opinion about Bill Gates’ declarations referred to electric trucks? Regards
— Richard Reina (@richardreinariv) September 12, 2020
Гејтс ги образложи своите размислувања за електричните возила на својот блог во август објаснувајќи зошто е скептичен во врска со потенцијалот за електрични возила како возила на голема далечина. Неговата причина е што батериите се големи и тешки.
Гејтс објасни дека верува оти, дури и со големи откритија во технологијата на батерии, електричните возила веројатно нема да бидат практично решение за поголеми возила, како што се товарни бродови и патнички авиони.
Many exciting things will be unveiled on Battery Day 9/22 ⚡️
— Elon Musk (@elonmusk) September 11, 2020
Наместо тоа, Гејтс предлага евтини алтернативни горива, како што се биогоривата, како можно решение за комерцијалните возила. Но, Гејтс им се заблагодари на некои производители на автомобили („Генерал моторс“ и „Форд“) и на новите марки како „Ривијан“ и „Болингер“, за нивниот напредок во производството на електрични камиони. Тој не ја спомна „Тесла“.
Тоа не се првите негативни забелешки на Маск за Бил Гејтс. Во февруари Маск коментира дека смета оти разговорот со Гејтс е неинспиративен. Несогласувањето дојде кога Гејтс во едно интервју спомена оти купил електрично „порше“ од „Тајкан“, а не од „Тесла“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.