Свет
Илјадници мртви: На Филипините се егзекутираат дилери и наркомани без никакви правни процедури
Незаконските и неказнети убиства на Филипините продолжуваат и по три години откако земјата објави војна против дрогата, а властите не покажуваат желба да ги испитаат акциите на полицијата, која наводно ги спроведува ликвидациите, пренесува „Ројтерс“.
„Амнести интернешнл“ во извештај под наслов „Тие само убиваат“ апелира до Советот за човекови права на Обединетите нации да усвои резолуција која би повикала на истрага на Филипините, каде илегалните егзекуции и полициската бруталност, како што се наведува, станале опасно вообичаени.
Гласањето на Советот се очекува во текот на неделава.
Точниот број на жртви во војната против дрогата на претседателот Родриго Дутерте не може да се утврди, но „Ројтерс“ наведува дека убиени се повеќе илјади луѓе, од кои над 6.000 во операции во кои, според полицијата, осомничените биле вооружени и пружале отпор при апсењето.
Владата во неколку наврати ги отфрли наводите дека полицијата убивала корисници на дрога и дилери и истакна дека семејствата на загинатите, доколку сакаат, може да поднесат тужби против полицијата.
„Амнести“ тврди дека властите намерно кријат податоци и ја дезинформираат јавноста, со цел да се направи невозможно утврдувањето на точниот број жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки
Дороти Џин Тилман од Чикаго стана најмладата личност, на 17 години, што успеа да се здобие со докторска диплома за интегрирано бихевиорално здравје во Аризона.
„Ова е прекрасна прослава и се надеваме дека Дороти Џин ќе инспирира повеќе студенти. Но, ова е нешто многу ретко и уникатно“, вели вонредниот професор Лесли Менсон.
Кога повеќето ученици се обидуваат да се адаптираат во средно училиште, Дороти веќе беше запишана на колеџот во Лејк Каунти во северен Илиноис, каде што дипломира психологија.
Во 2018 година таа дипломира на отсекот хуманитарни науки на колеџот „Екселсиор“ во Њујорк. Две години подоцна, магистрира на колеџот „Јунити“ во Мејн пред да биде примена на Програмата за бихевиорално управување.
Поголемиот дел од нејзиното образование го реализира на далечина, преку онлајн настава.
Како што вели таа, најголема заслуга за целото нејзино образование има нејзината баба, како и нејзината мајка, на која е благодарна за помошта и насочувањето. Секако, целиот образовен процес не бил без жртва.
„Немав секојдневна училишна работа, немав училишно фотографирање или работи кои создаваат единство меѓу врсниците “, вели таа.
Свет
Трамп вети олеснување на прописите во САД за поседување оружје што ги воведе Бајден
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс. „Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп.
„Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.Националната асоцијација за пушки (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.