Свет
Индиец обвинет за силување бара поштеда: „Зошто да ме бесите кога загадениот воздух бавно ме убива“
Еден од шестмина мажи осомничени за брутално тепање и силување студентка во автобус во Њу Делхи во 2012 година бара од властите да го поштедат од смртна казна.
Негов аргумент за тоа е дека загдениот воздух и така веќе го убива полека, пренесе Си-ен-ен.
Акши Такур е еден од четворицата мажи осудени на бесење поради силувањето на Нирбаја, 23-годишна девојка, коja почина две недели подоцна поради тешки повреди.
Петтиот осомничен е ослободен затоа што бил малолетен во моментот на злосторството, а шестиот се самоубил во затвор.
Адвокатот на Такур поднесе петиција до Врховниот суд неколку дена пред одбележувањето на седмата годишнина од злосторството, 16 декември. Локалните медиуми објавија дека е можно Такур да биде егзекутиран за годишнината, особено затоа што неодамна се случи слично злосторство, кое ја шокира нацијата.
Индија, од друга страна, го има веројатно најзагадениот воздух во светот. Претходно годинава, седум индиски градови беа на списокот со 10 најзагадени места во светот. Адвокатот наведува дека воздухот во Њу Делхи е како гасна комора и дека градот е полн со отров.
„Животниот век станува сè пократок, па оттаму може да се запрашаме вреди ли смртната казна?“, се наведува во петицијата.
Затворот во кој се наоѓа Такур е лоциран во западниот дел на Њу Делхи, кој е особено загаден, со многу фабрики оддалечени по само неколку километри.
Сепак, како што пренесуваат локалните медиуми, мали се шансите молбата на Такур да биде прифатена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

