Свет
Индиски тинејџер врзан за столб, полеан со бензин и запален поради бизарна шега
Едно 16-годишно момче во Индија било брутално убиено кога брат му избегал со сестрата на осомничениот и покрај противењето на семејството. Нападот наводно бил предизвикан од задевањето на жртвата за нивниот брак, пренесува РТ.
Ужасното убиство се случи во градот Манза, во северната држава Пенџаб. Жртвата Јасперет Синг бил врзан за столб во напуштена мелница за ориз, полеан со бензин и запален жив, соопшти полицијата.
Три лица се уапсени во врска со злосторството. Според претставникот на градската полиција, Манса Сухјет Синг, постариот брат на тинејџерот, бил во врска со сестрата на еден од осомничените. Двојката пред две години избегала во друг град, се венчале и добиле дете.
Извори за „Индијан експрес“ изјавиле дека семејството на девојчето не го одобрувало бракот и не им дозволувало да се вратат во родниот град. Тие исто така велат дека постојаното задевање за нивната романса од страна на жртвата е можна причина за нападот.
Полицијата ги наведе тврдењата на роднините на осомничениот дека жртвата постојано го задевала него и неговото семејство за овој брак велејќи им дека парот ќе се врати и ќе почне да живее со нив набргу.
Државните власти веруваат дека злосторството не е случај на насилство поврзано со каста бидејќи и жртвата и осомничените припаѓаат на етничката заедница Далит, чии членови се историски дискриминирани во Индија.
„Без сомнение, овој инцидент е брутален. Тоа е ладнокрвно убиство и виновниците мора да бидат казнети според законот“, рече шефот на Комисијата за касти на државата Пенџаб, Теџиндер Каур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Самоубиствен напад во џамија во Исламабад: 11 загинати и речиси 100 повредени
Во експлозија во џамија во главниот град на Пакистан, Исламабад, загинаа 11 лица, а речиси 100 се повредени, соопштија локалните власти.
Според информациите, експлозијата се случила по петочната молитва во шиитска џамија.
„До експлозијата дојде по петочната молитва во шиитска џамија“, изјавил за АФП висок полициски извор кој сакал да остане анонимен.
Според објавите на социјалните мрежи, експлозијата се случила во Имам Баргах во областа Тарлаи Калан во предградието на Исламабад, при што има повеќе жртви и повредени.
На социјалните мрежи се споделуваат вознемирувачки фотографии од телата на жртвите, како и видеа од повредени верници кои ја преживеале експлозијата.
Првичните информации укажуваат дека нападот го извршил бомбаш самоубиец.
🚨 🇵🇰 #FLASHINFO | Une explosion dans une mosquée d’Islamabad (#Pakistan) en pleine prière du vendredi fait plus de 15 morts et 80 blessés.
Le nombre exact de victimes varie encore car les secours sont toujours sur place et les bilans évoluent rapidement. pic.twitter.com/jaHI22BB4u
— Saudi News FR 🆇 (@SaudiNewsFR) February 6, 2026
Свет
Орбан: Унгарија е единствениот европски сојузник на САД кога станува збор за зачувување на мирот во регионот
Унгарија е единствениот европски сојузник на Соединетите Американски Држави кога станува збор за зачувување на мирот во регионот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан во редовното неделно интервју за јавниот радио „Кошут“ рече дека за време на претходните избори американската администрација на „левичарите“ ја поддржувала опозицијата во Унгарија, но дека ситуацијата оттогаш се променила, пренесе МТИ.
„Добро соработувавме за време на првиот мандат на претседателот на САД Доналд Трамп. Нашата филозофија е дека суштината на надворешната политика е собирање пријатели. Бевме успешни во Америка бидејќи постои големо меѓународно прашање – војната во Европа, војната меѓу Украина и Русија, прашањето за мир и војна – околу кое се согласуваме и каде што на Соединетите Американски Држави им е потребна поддршка“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер ја нагласи важноста на националната петиција на владата и изјави дека само патриотска влада може да ја гарантира безбедноста на Унгарија.
„Мораме да се држиме подалеку од војната, што значи да кажеме ‘не’ и да прифатиме судир со Брисел“, рече тој.
Орбан додаде дека не може сам да го промени ставот на повеќе од 20 други европски земји, но дека се обидува да ги охрабри европските држави да застанат зад мирот.
Унгарскиот премиер оцени дека единствениот начин Европа да избегне војна е оние што сакаат мир – и во Унгарија и низ целиот континент – да ги натераат своите влади да се залагаат за мир, а не за судир.
„Нашата единствена опција е да се држиме подалеку од она што е погрешно“, рече Орбан и додаде дека патриотска влада може да ја обезбеди сигурноста на земјата.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.

