Свет
Индија: Дом за сирачиња продавал бебиња на странци
Дом за деца без родители во индиската држава Западен Бенгал продавал деца на странци, утврди истрагата во која се уапсени раководните лица на таа институција.
Меѓу уапсените се и Чандана Чакраборти, жена која управува со локална невладина организација и Сонали Мондал, задолжен за усвојување при истата невладина организација, за која истрагата утврди дека продавале деца, но и дека ги мамеле странците кои сакале да купат деца од домот кој тие го воделе. Полицијата го затвори домот.
Утврдено е дека деца купувале брачни двојки од Индија, Сингапур, Шпанија, Франција и САД. Децата биле на возраст од 6 месеци до 14 години, а цената за нив се движела од 12.000 до 23.000 долари, пренесува агенцијата AFP.
Според извор во полицијата, кој сакал да остане анонимен, се очекуваат уште апсења во наредните денови откако полицијата ќе стапи во контакт со двојките кои платиле за да добијат дете.. Во изјава за AFP, истиот извор, рекол дека една двојка од Франција во 2015 година платила 1,5 милиони рупи (23.000 американски долари) за дете.
Чакраборти и Мондал признале дека измамиле една двојка од Америка кои им платиле 15.000 долари за бебе кое не им го дале. За истото бебе зеле 6.000 долари и од други клиенти од Индија. Откриено е дека едно бебе било продадено во Сингапур за 3.000 долари, а властите се сомневаат дека постојат уште многу слични случаи.
Уапсената Чандана Чакраборти рекла дека таа самата не ја организирала продажбата на деца, туку дека во тоа учествувале неколку локални политичари. Во текот на апсењето таа се заканила дека ќе ги открие имињата на тие политичари за кои тврди дека се обиделе да ја наместат со цел самите да се извлечат.
Во акцијата во која е разбиен синџир на трговија со деца уапсени се 21 лице кои се осомничени дека организирале продажба на новороденчиња.
Според податоци на индискиот огранок на организацијата Humans Rights Watch, 10 отсто од луѓето-жртви на трговија со луѓе завршуваат во странство. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

