Свет
Индија успешно ја тестира својата најнапредна ракета
Индија успешно ја тестира својата најнапредна балистичка ракета во неделата изутрина, објави Министерството за одбрана. Индиското Министерство на „Твитер“ постави фотографија од тестот на балистичката ракета „Агни-5“, најнапредната индиска ракета способна да носи нуклеарно оружје.
Ракетата, чиј досег е до 5.000 километри, беше лансирана од островот Абдул Калам во 9.45 по локално време, објави Министерството, додавајќи дека биле исполнети биле сите цели на мисијата.
Long range ballistic missile Agni 5 was successfully flight tested at 0945 hrs today from Dr APJ Abdul Kalam Island (Wheeler Island). Smt @nsitharaman congratulates @DRDO_India , the armed forces & defence industry for the success of the A5 mission. https://t.co/mHG519lgQG pic.twitter.com/XKkpomR3q1
— Raksha Mantri (@DefenceMinIndia) June 3, 2018
Последниве години Индија ја развива својата нуклеарна и ракетна програма во услови на зголемена стратешка конкуренција со Кина, пренесуваат медиумите. Тензиите меѓу двете земји се зголемија минатата година поради спор за дел од границата во областа на Хималаите.
Индија претходно изврши пет успешни теста на ракетата „Агни-5“. Првпат беше тестирана на 19 април 2012 година, а петтиот тест беше спроведен на 18 јануари годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милановиќ: Војната е посреднички судир меѓу Вашингтон и Москва и ќе се реши само со нивен договор
Дијаболичен е советот на западните лидери до Украина да не го прифати мировниот план што го понудија американскиот претседател Доналд Трамп и Русија, изјави во Загреб хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
„Дали тоа е нивно население? Дали некој има земно и божјо право да ја донесе оваа одлука без Украинците? Тие нека одлучат, но од страна да им се сугерира дека не смеат да го прифатат тоа што го нудат Трамп и Русија — која е цената за тоа?“, рече Милановиќ пред новинарите на изложбата „Череп C – светско палеоантрополошко наследство“ во Хрватскиот природонаучен музеј.
„Тоа е всушност ѓаволско, сатанистичко, да не кажам неморално. Од каде ми е правото да му советувам некому: не се согласувај со тоа, значи, продолжи да умираш. Бидејќи тоа е она што се случува. Луѓето умираат и територија се губи“, додаде тој.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно рече дека планот на Трамп оди во вистинска насока, но дека постојат аспекти што треба да се подобрат за да биде прифатлив за Украина и Европа.
Почетната верзија на американскиот документ предизвика противење од Киев и неговите европски сојузници – Париз, Лондон, Берлин и Рим – кои се собраа во Женева во неделата за да спречат мировен договор што би значел капитулација.
Милановиќ истакна дека никој од оние што зборуваат за ова, како шефовите на повеќето европски држави, нема реално влијание, но тоа не ги спречува „да создадат некаква форма на хаос“.
Тој повтори дека војната во Украина е посредничка војна меѓу Вашингтон и Москва и дека ќе биде решена само со договор меѓу нив.
Според него, од едната страна е НАТО, сојуз кој со години се шири„на прилично арогантен начин, а од другата страна е Русија, опасна сила која постојано предупредувала на тоа.
„Потоа морализираат и му даваат совети на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, кој, за своја заштита, сакал да постигне договор со Русите во 2022 година во Истанбул, а пред тоа во Минск, при што ништо не требало да оди во Русија“, рече Милановиќ, додавајќи дека импулсите на украинското раководство биле точни.
Зеленски, според него, бил спречен од „агенти на хаосот“ кои го охрабрувале да се бори и го уверувале дека ќе го поддржуваат колку што треба „сè додека не се предомислат“.
„Тие отидоа да преговараат за спроведување некаква верзија од договорот налик на Минскиот од 2014 година, кој европско-американската структура постојано го рушеше со намера да предизвика конфликт и да ја ослаби Русија — и успеаја спектакуларно“, рече Милановиќ.
На новинарско прашање дали мировниот договор би можел да ја охрабри Русија, хрватскиот претседател одговори дека Русија „нема сила за ништо повеќе од ова“.
„Еден ден од истите луѓе слушаме дека Русија е држава која не е ништо повеќе од бензинска пумпа со нуклеарно оружје. Од друга страна, слушаме дека е толку опасна што Германците треба да почнат да се вооружуваат и да чуваат оружје и муниција дома. Што е вистина?“
Тој додаде дека може да ги разбере чувствителностите и стравовите на балтичките држави или Полска од Русија, „но не и на некои други земји“.
Свет
Европски премиери заглавени во Франкфурт – Луфтханза се извини поради инцидентот
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ упати извинување поради инцидентот во кој премиерите на Финска, Данска и Луксембург во неделата навечер останале заглавени на аеродромот во Франкфурт поради технички дефект, што довело до нивно доцнење или спречено присуство на самитот ЕУ–Афричка унија во Луанда, Ангола.
Според извори на Euractiv, европските лидери, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кaja Калас, чекале на пистата кога авионот не можел да полета. Финскиот премиер Петери Орпо со големо доцнење стигнал во Луанда, додека Калас, данската премиерка Мете Фредериксен и луксембуршкиот премиер Лук Фриден го откажале патувањето.
Портпаролот на „Луфтханза“, Борис Огурски, потврдил дека летот LH560 од 23 ноември доцнел 13 часа и 25 минути поради дефект на системот за информирање на патниците. Тој изразил жалење за непријатностите, но додал дека од „причини за заштита на податоците“ не може да открие кои патници биле во авионот.
Огурски навел дека можело да се обезбеди резервен авион, но ноќната забрана за летање што стапува во сила во 23 часот во Франкфурт спречила било какво решение.
Свет
Зеленски: Украина е подготвена за мировниот договор со САД и Европа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да продолжи напред со рамката за мировен договор во соработка со Соединетите Американски Држави и Европа, пишува Ројтерс.
Повикувајќи се на текст од говор во кој имал увид, Ројтерс наведува дека украинскиот лидер им порачал на сојузничките земји дека сите безбедносни одлуки што се однесуваат на Европа мора да ги вклучуваат и европските држави.
Зеленски истакнал дека е подготвен да разговара за чувствителните точки од мировниот договор со Доналд Трамп, но нагласил дека на тој состанок мора да учествуваат и европските лидери.
На крајот порача дека сојузниците на Киев треба да продолжат да ја поддржуваат Украина сè додека Русија не покаже подготвеност да ја заврши својата инвазија.

