Европа
Институтот за проучување на војната: Маргинален напредок за Украина

Украина постигна мал напредок вчера додека нејзината контраофанзива продолжи, според Институтот за проучување на војната (ISW). Тинк-тенкот со седиште во САД во своето последно ажурирање соопшти дека операциите во Лиман, Бахмут, на границата Донецк – Запорожје и во западна Запорожје ѝ донеле само маргинални придобивки за Украина.
NEW: #Ukrainian forces conducted #counteroffensive operations in at least four sectors of the front and made marginal advances on July 3. Geolocated footage shows that Ukrainian forces have advanced southwest of #Bakhmut.
Latest #Ukraine assessment: https://t.co/PfQyAsILT5 pic.twitter.com/4VYjMIuLrK
— ISW (@TheStudyofWar) July 4, 2023
Неколку извештаи од двете страни покажуваат дека Украина се соочила со жесток отпор од руските сили, особено на истокот, иако украинските власти сакаат да укажат дека главниот удар на нејзината контраофанзива допрва треба да се случи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Судот ќе ја изрече пресудата за Депардје во мај

Кривичниот суд во Париз во четвртокот објави дека на 13 мај ќе ја изрече пресудата за актерот Жерар Депардје за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм во 2021 година.
Француското Обвинителство во четвртокот побара 18-месечна условна казна и глоба од 20.000 евра за Депардје, објави весникот „Ле Паризиен“ и другите медиуми.
Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со многубројни обвинувања за сексуално вознемирување во текот на годините, да биде изведен пред суд.
Депардје призна дека ја фатил една од жените за бутот, но негира дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против клиентот се лажни и дека истражителите биле пристрасни.
Европа
(Видео) Нереални снимки од протестот: Пикачу ги поддржа граѓаните во Турција

Надреално видео од Покемон кој наводно бега од полицијата за време на протестите во Турција стана вирална. Имено, некој облечен како Пикачу е снимен како бега од полицијата која брка демонстранти. Снимката наводно е направена во Анталија.
Виралното видео, кое нашироко се споделува на социјалните мрежи, се чини дека потекнува од турскиот фоторепортер Исмаил Коцероглу.
Исмаил во четвртокот објави видео на својот Инстаграм профил, на кое се гледа како костимиран демонстрант бега со толпа граѓани.
Дали е автентична снимката на која Пикачу бега од полицијата не е потврдено.
Сепак, Исмаил продолжи да поставува видеа од овој маскиран демонстрант. Синоќа, тој повторно објави видео од Пикачу како шета низ улиците на Анталија, наведувајќи дека Пикачу „се приклучил на осмиот ден од демонстрациите“.
Европа
Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да се овозможи одржување на нови избори во земјата и потпишување на клучни договори со цел да се постигне решение, пренесоа руските новински агенции.
Во изјава за медиумите за време на неговата посета на северното пристаниште Мурманск, Путин исто така рече дека Русија постепено, но самоуверено се движи кон постигнување на своите цели во конфликтот во Украина, кој трае повеќе од три години.
Тој изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој тргна кон подобрување на односите со Москва и постигнување договор, искрено сака мир во Украина.
Путин, кој учествуваше на конференцијата во Мурманск посветена на арктичкото прашање, исто така рече дека Русија е подготвена да соработува со Северна Кореја во работата за решавање на конфликтот.
Изјавите на Путин за привремената администрација се чини дека се негов одговор на неговите долгогодишни жалби дека украинските власти не се легитимен партнер во преговорите бидејќи претседателот Володимир Зеленски остана на власт и по крајот на неговиот мандат во мај 2024 година.
„Во принцип, се разбира, може да се воспостави привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД, европските земји и нашите партнери. Тоа би било за да се одржат демократски избори и да се донесе на власт способна влада која ја ужива довербата на народот, а потоа би се започнале разговори со нив за мировен договор“, рече Путин во разговор со морнарите на пристаништето.
Путин, исто така, рече дека напорите на Трамп да продолжи со директните преговори со Русија – за разлика од неговиот претходник Џо Бајден, кој избегнуваше контакт – покажуваат дека новиот американски претседател сака мир.
„Според моето мислење, новоизбраниот американски претседател искрено сака крај на конфликтот поради повеќе причини“, ги пренесе агенцијата неговите зборови.
Русија, изјави Путин, е за „мирно решавање на секој конфликт, вклучително и овој, со мирни средства, но не на наша сметка“.
„По целата линија на воен контакт, нашите трупи ја имаат стратешката иницијатива“, тврди тој. Русија, наведе тој, „упорно и самоуверено“ се движи кон остварување на своите цели.
Путин изјави и дека Русија е подготвена да работи со многу земји, вклучително и со Северна Кореја, за да помогне да се стави крај на војната во Украина. Западни и украински извори велат дека повеќе од 11.000 севернокорејски војници се испратени да ги засилат руските трупи во западниот московски регион Курск, иако Москва тоа не го потврди.