Свет
Иранската војска се закани со смртоносна и незаборавна одмазда за нападот на воената парада
Иранската револуционерна гарда вети дека ќе се одмазди на смртоносен и незаборавен начин за нападот на воената парада во кои загинаа 25 лица, од кои 12 нејзини припадници, а за кој Техеран ги обвини земјите од Персискиот Залив.
Нападот во саботата, досега најголем кој е извршен против овие елитни ирански единици, е голем удар по безбедноста на Иран во период кога САД и нивните сојузници во Заливот се обидуваат да го изолираат Техеран.
„Имајќи ги предвид нашите сознанија за локациите на терористичките лидери… тие во блиска иднина ќе почувствуваат смртоносна и незаборавна одмазда“, се наведува во соопштението на Револуционерната гарда.
Четири напаѓачи во саботата нападнаа воена парада во западниот град Ахваз, центар на провинцијата богата со нафта, Кузестан, а државната телевизија објави дека цел на нападот била платформата на која седеле иранските официјални лица.
Иранското етничко арапско бунтовничко движење, наречено Национален отпор ја презеде одговорноста за инцидентиот, во кој сите четворица напаѓачи беа убиени. Исламска држава, исто така, презеде одговорност, но ниту една група не даде конкретни докази за своите тврдења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три лица затрупани во лавина на глечер во Австрија
Лавина го погоди глечерот Штубај во австриски Тирол утрово, а три лица се затрупани, објави Кронен Цајтунг.
Започната е спасувачка операција.
Според Рајнхард Клир, раководител на жичарницата на глечерот, несреќата се случила во зоната надвор од пистата, во близина на превојот Дауншарте околу 9:30 часот утрово.
„Врз основа на моменталните информации, снежните маси делумно стигнале до долниот дел од деветтата патека, која потоа била затворена“, рече Клир.
Двајца делумно затрупани скијачи веќе се спасени.
Забележано е дека неколку скијачи надвор од пистата отвориле воздушни перничиња за лавина.
На терен има неколку хеликоптери за итни случаи, вклучувајќи ги „Алпин 2“, „Мартин 2“ и „Либеле Тирол“, како и екипи за планинско спасување од Нојштифт им Штубај и Зелден со кучиња трагачи, пренесува Танјуг.
Фото: ЕПА
Свет
Унгарскиот министер: Украина би донела опасност и мафија во ЕУ, земјите од Западен Балкан треба да бидат приоритет
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Бања Лука повтори дека владата на Виктор Орбан се спротивставува на приближувањето на Украина кон ЕУ. Тој изјави дека единствен приоритет на Унгарија е интеграцијата на земјите од Западен Балкан.
„Европските интеграции звучат како лоша шега ако во Брисел мислат дека Украина е поспремна за членство од Западен Балкан. Земјите од регионот се подготвени и би придонеле економски, додека Украина носи само опасност, војна и украинска мафија“, рече Сијарто.
Тој додаде дека стабилноста на Западен Балкан е од клучно значење за националната безбедност на Унгарија и најави продолжување на соработката со Република Српска.
Сијарто требал да допатува во Бања Лука со воен авион, но министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез го забрани летот, обвинувајќи ја унгарската влада дека ја поддржува политиката на Милорад Додик која го доведува во прашање опстанокот на БиХ.
Сијарто поради забраната слета со изнајмен цивилен авион.
Свет
Лукашенко до Зеленски: Сега ги имате Одеса и Николаев, а наскоро можете да ги изгубите
Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп беше набрзина составен, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на маргините на ОДКБ во Киргистан. Во таа прилика, тој му се обрати и на Владимир Зеленски.
„Сакам веднаш да кажам – и се надевам дека тимот на Трамп нема да се навреди – беше набрзина составен. Не сакам да кажам дека беше направен преку колена, но беше набрзина составен. Мора да се презентира во лесно сварлива форма. Сè мора да се разработи до метар, километар, до последен детаљ“, рече Лукашенко.
Како што истакна, во средата разговарал за американскиот мировен план за Украина со својот руски колега, Владимир Путин. Според него, Путин му презентирал две верзии на планот.
„Владимир Владимирович ми ја презентираше првата верзија и втората верзија, која беше поделена на делови“, рече претседателот на Белорусија.
Тој верува дека нема победници во украинскиот конфликт, а ако има, тоа нема да биде Европската Унија.
„Мораме да ја завршиме оваа војна. Се плашам дека нема да има победник во оваа војна: тоа е катастрофа. Знаете зошто, ако нема. Но, ако има победник, тоа нема да биде Европската Унија ако Америка ги напушти“, рече тој, пренесува Спутник.
Тој му се обрати на шефот на киевскиот режим, Владимир Зеленски.
„Ако сакате да ја задржите Украина во нејзините сегашни граници, мора да преговарате, а не да ги торпедирате преговорите“, рече Лукашенко.
„Размислете, почнувајќи од реалната ситуација, како да го зачувате она што го имате. Имате пристап до морето – и до Одеса, која е ваша, и до Николаев, а тоа може да исчезне во еден момент. Затоа е потребно добро да се измери сè и да се донесе добро осмислена одлука“, додаде белорускиот лидер.
Фото: ЕПА

