Свет
Иранскиот заменик министер до САД: „Ова е црвената линија, ако почнат ќе настане хаос“
Иранскиот заменик министер за надворешни работи Мохамад Хасан Шејхолеслами рече дека доколку САД го нападнат Иран, одговорот на Техеран ќе биде незамислив.
Според него, Иран „30 години ги бранел правата на Палестинците и ќе продолжи да го прави тоа“.
„Сите земји треба да ги преземат неопходните мерки за заштита на Палестинците и жителите на Појасот Газа. Ова не е прв пат САД да ни се закануваат со удари, ние сме навикнати на секојдневни закани. Но, во секој случај. Ако тоа се случи, ако ја направат оваа грешка, одговорот на Иран ќе биде надвор од фантазијата“, рече Шејхолеслами.
Тој додаде дека и Сиријците можат сами да ја бранат својата земја, но ако побараат помош, Иран ќе ги поддржи.
„Ситуацијата е катастрофална, мора да се запре. Сега правиме се што е во наша моќ за да го спречиме ширењето на конфликтот, заедно со Ирак и другите“, нагласи Шејхолеслами.
На 7 октомври, палестинската група Хамас изврши масовен напад врз Израел. Како одговор, израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“.
Првиот заменик-шеф на иранскиот парламентарен комитет за национална безбедност и надворешна политика, Ебрахим Азизи, на 16 октомври рече дека „нови фронтови“ може да се појават против Израел доколку го нападне Појасот Газа.
Според него, ова е „црвена линија“ за Иран.
„Војна на неколку фронтови може да предизвика колапс на Израел како држава“, додаде Азизи.
Израелскиот министер за економија и индустрија Нил Баркат се закани дека ќе го нападне Иран доколку групата Хезболах поддржана од Иран отвори „втор фронт против Израел“.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолаџан на 23 октомври изјави дека САД побарале од Иран да не се меша во палестинско-израелскиот конфликт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

