Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење
Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, се за жалење бидејќи Иран дејствуваше во самоодбрана, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан.
Тој во објава на платформата Х напиша дека е за жалење што ЕУ толку бргу одлучува да спроведе уште по „незаконски рестриктивни мерки против Иран“, само затоа што Иран го искористи правото на самоодбрана, по, како што наведе, „непромислената израелска агресија“, пренесува „Ројтерс“.
На 13 април Иран лансира повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел велејќи дека тоа е како одмазда за израелското бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа 13 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тајани: Италија може да ја предводи меѓународната борба против корупцијата
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен.
„Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и на Црна Гора, а преку работата на амбасадите и присуството на безбедносните службеници можеме да обезбедиме Италија да биде на првите редови во борбата против корупцијата“, рече Тајани на маргините на 24. состанок на Меѓуинституционалниот меѓународен координативен комитет за борба против корупцијата, кој се одржува во Рим.
Тој зборуваше и за неговата неодамнешна посета на Мексико, каде што соработката во борбата против криминалот беше централна тема.
Регион
(Видео) Автомобил удри во група луѓе во Белград, има повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.
„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, се вели на инстаграм-профилот на 192.rs.
Свет
Венс ги отфрли шпекулациите за соперништво со Рубио
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, изјави дека не го гледа државниот секретар на САД, Марко Рубио, како соперник и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „Хил““.
Во интервју за „Фокс њуз“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио нема право на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп, дури по среднорочните избори в година, односно меѓуизборите за Конгресот.
„Ќе направиме сè што можеме за да ги добиеме меѓуизборите, а потоа, потоа ќе седнам со претседателот на Соединетите Американски Држави и ќе разговарам со него за тоа“, рече Венс нагласувајќи дека во моментот е фокусиран на сегашноста и на работата на администрацијата.
Фото: принтскрин

