Свет
Иранскиот претседател предупреди: Ако не му се суди на Трамп, ќе се одмаздиме
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси најави одмазда за атентатот врз ииранскиот генерал Касем Сулејмани пред две години, од страна на САД.
Како што нагласи тој, одмаздата ќе биде доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп не понесе одговорност за тој атентат.
Иран и неговите сојузници во Ирак му оддаваат почит на Сулејмани, командантот на елитната единица Ал Кудс, генерал кој имаше култен статус во иранското општество уште пред неговата смрт.
Сулејмани беше убиен на 3 јануари 2020 година во напад со дрон во близина на аеродромот во Багдад, по наредба на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.
„ Доколку Трамп и поранешниот државен секретар Мајк Помпео не бидат судени пред непристрасен суд за кривично дело убиство на генералот Сулејмани, муслиманите ќе се одмаздат за својот маченик“, рече Раиси во својот говор.
Иран во неделата напиша писмо во кое го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да ги повика на одговорност САД и Израел, земја за која Техеран исто така тврди дека стои зад атентатот.
Ден по атентатот, САД им соопштија на ОН дека чинот е самоодбрана и дека ќе преземат дополнителни дејствија на Блискиот Исток за да ги заштитат американските интереси ако е потребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Советникот на Трамп ќе се сретне со Путин следната недела
Советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, кој зборуваше за државната телевизија во Русија, изјави дека е постигнат прелиминарен договор специјалниот претставник на САД Стив Виткоф да ја посети Москва следната недела.
Ушаков додаде дека некои претставници на американската администрација ќе му се придружат.
Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави на социјалните мрежи дека „останале само неколку преостанати спорни точки“.
„Му наложив на мојот специјален претставник, Стив Виткоф, да се сретне со претседателот Путин во Москва“, рече тој.
„Во исто време, секретарот на армијата Ден Дрискол ќе се сретне со Украинците“.
Виткоф ја посети Москва неколку пати оваа година на разговори со Владимир Путин, а последен пат беше таму во август.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Русија реагира на протечениот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин
Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал Русија како најдобро да му се обрати во врска со мировниот план за Украина.
Рускиот дипломат Јури Ушаков изјави дека протекувањето на неговиот телефонски разговор со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, до американските медиуми е обид да се наруши потрагата по мир во Украина.
Putin's aide Ushakov commented on the recording of his conversation with Steve Witkoff:
I talk to Witkoff often but I don't comment on the contents.
And Dmitriev, what about him, I can talk to anyone on the phone, as well as Dmitriev. Why are you interested in that? It's my… https://t.co/gL3u20aczH pic.twitter.com/okyHRlZY0K— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 26, 2025
Тоа е направено, изјави тој за руската државна телевизија, „веројатно за да се наруши“.
„Малку е веројатно дека ова се прави за подобрување на односите. Односите се градат сега, се градат напорно, преку такви контакти, вклучително и телефонски“, рече тој.
Ушаков додаде дека често разговара со Виткоф, но дека овие разговори не се јавни.
Што вели извештајот?
Според извештајот, специјалниот претставник Стив Виткоф разговарал со Ушаков на 14 октомври.
Блумберг објави дека разговорот траел околу пет минути и дека во него Виткоф му дал совет на Ушаков за тоа како Путин треба да ја постави темата за мир во Украина во разговор со американскиот претседател Трамп.
Блумберг тврди дека Виткоф предложил Москва да организира телефонски разговор меѓу Трамп и Путин пред посетата на Володимир Зеленски на Белата куќа една недела подоцна.
Според Блумберг, Виткоф рекол:
„Зеленски доаѓа во Белата куќа во петок. Ќе одам затоа што сакаат да бидам таму, но мислам дека ако е можно треба да разговараме со вашиот шеф пред тој петок.“
фото: принтскрин
Регион
Запален автомобил што го користел градоначалникот на Мостар
Во Мостар синоќа беше запалено службено возило што го користел градоначалникот Марио Кордиќ. Инцидентот веднаш бил пријавен во полицијата, која спроведува истрага, изјави градоначалникот.
Кордиќ во својот пост објавен на социјалните мрежи нагласи дека го смета овој настан за резултат на организирано создавање негативна атмосфера.
„Во последно време сме сведоци на организирано создавање наратив на омраза и напади врз мојата работа само затоа што ги штитиме интересите на градот Мостар“, напиша Кордиќ.
Тој додаде дека таков наратив има свои последици и дека „овој настан јасно покажува каква е целта на оние што го поттикнуваат“. Тој рече дека тоа нема да го спречи да ги извршува своите должности.
„Жал ми е што дојдовме во ситуација каде што мора да бараме полициска заштита за да ги извршуваме нашите должности, но тоа нема да нè спречи. Продолжуваме посветено, одговорно и исклучиво да работиме во интерес на Мостар“, нагласи градоначалникот.
Тој најави дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин

