Контакт

Вести

Иран изведе нови тестирања на ракети и покрај заканите од САД

Објавено пред

Елитната иранска Револуционерна гарда во понеделникот, и покрај американските нови санкции и закани за нивно заострување, извела нови ракетни тестирања во рамките на тридневните воени маневри.

dobivaj vesti na viber

 

Револуционерната гарда објави дека тестирањата се дел од подготовките за воени напади од странски агресори, се наведува во соопштението коешто го цитира иранската новинска агенција Fars. Засега не е објавено колкав бил дострелот на истреланите ракети.

САД, чијашто нова администрација е критичка кон нуклеарниот договор меѓу шесте светски сили и Техеран склучен во ноември 2015 година, под изговор дека неодамнешното иранско тестирање проектили го прекршува споменатиот договор воведе нови санкции за Иран.

Иран тврди дека не го прекршил нуклеарниот договор од Виена, бидејќи ниедна од ракетите не може да понесе нуклеарна боева глава, и го обвинува Вашингтон се однесува „аматерски“.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф на безбедносната конференција којашто изминатиов викенд се одржа во германски Минхен, истакна дека иранската воена програма и тестирањето на ракетите се наменети исклучиво за заштита на сопствените граници, и дека не претставуваат закана за другите држави.

На Иран не му се потребни дозволи од други земји за да ги спроведува своите легитимни права, вклучително и во сферата на одбраната, порача Зариф./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

ДУИ: Нема да дозволиме Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава

Демократската унија за интеграција го осудува најновиот пример на намерна и систематска дискриминација на Албанците во државните и јавните институции....

Македонија47 минути

Муцунски: Од позиција на климање со глава, се вративме на патот на самопочит и влијание

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа прес-конференција по повод една година од мандатот на Владата. Во...

Македонија3 часа

Ризик од појавa на пожари поради високите температури: МЗШВ апелира на претпазливост

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на...

Економија3 часа

Ранливите потрошувачи и натаму незаштитени: итни мерки барат Инжинерите на Македонија

Додека Владата и Министерството за енергетика се фалат со новиот Закон за енергетика, илјадници граѓани остануваат без никаква реална заштита...

Македонија3 часа

Се очекува Македонија годинава да ја посетат 1,5 милиони туристи, најбројни се гостите од Турција

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите податоци покажуваат 21.6 % раст во првата половина од...

Македонија4 часа

Казни и до 2.000 евра: МВР со потсетување на целосната забрана за движење во шумите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Македонија5 часа

Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при...

Свет5 часа

Постигнат договор меѓу САД и Кина? Ретки метали за Американците, помалку царини за Кинезите

САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа...

Свет5 часа

Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може...

Свет5 часа

Да го имавме на нишан, ќе беше елиминиран: Кац за врховниот лидер на Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел...

Свет6 часа

ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до...

Свет6 часа

Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави...

Македонија16 часа

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот

Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме...

Македонија20 часа

(Видео) Арсовска: Според документите на Ганиу, 11-годишно дете ја изградило 12-катницата во Чаир и поднело барање на нотар, ова е криминал

Документи со 20 случаи за незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија23 часа

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија24 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет1 ден

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија1 ден

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...