Свет
Иран и Русија се подготвуваат за заедничка воена вежба
Иран и Русија се подготвуваат за заедничка поморска воена вежба во Каспиското море, соопшти командантот на иранската морнарица, адмирал Хусеин Канзади.
Воената вежба, рече тој, ќе вклучува тактички вежби, но и вежби за спасување и борба против пирати, пренесе агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на иранската новинска агенција „Мехр“.
Иран и Русија веќе одржаа неколку поморски вежби во Каспиското море, меѓу другите и во 2015 и 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.
Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.