Свет
Иран нема да ја промени политиката додека САД не ги тргнат санкциите

Иранското раководство нема да го промени курсот на својата политика ако САД не ги тргнат санкциите кон Техеран, изјави виранскиот претседател Хасан Рохани, пренесува ТАСС.
„Иран ќе продолжи да ги намалува своите обврски од нуклеарниот договор ако не се тргнат санкциите на САД. Разговорите со САД ќе станат можни само ако се укинат санкциите. Инаку, ништо нема да се промени“, рече тој.
Рохани истакна дека Иран никогаш не се обидел да поседува нуклеарно оружје.
„Што се однесува до нуклеарниот договор, ние ќе продолжиме да комуницираме со другите потписници“, рече тој.
На 8.5.2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп најави повлекување на Вашингтон од иранскиот нуклеарен договор. Тој рече дека старите санкции за Иран ќе бидат обновени, а нови ќе бидат воведени во случај Техеран да се обиде да ги реализира своите нуклеарни амбиции.
Првата серија нови санкции од САД врз Иран стапи на сила на 7 август, а втората стапи на сила на 5 ноември.
На 8 мај 2019 година иранскиот претседател Хасан Рухани објави дека Техеран ги намалува обврските во рамките на ЗКПОА. Тој посочи дека другите потписнички, пред сè земјите на ЕУ, не успеале да ги исполнат своите економски обврски од договорот. Рохани потоа им даде рок од два месеца, кој истече на 7 јули.
На 8 јули портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Бехруз Камалванди, изјави дека Техеран го надминал нивото на збогатување на ураниум од 4,5 отсто. Иран соопшти дека ќе продолжи постепено да ги намалува своите заложби за договорот на секои 60 дена, освен ако другите потписнички не ја обноват усогласеноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.