Свет
Иран продолжува со извозот на нафта и не потклекнува под санкциите од САД, вели Рухани
Иран ќе продолжи да извезува нафта и покрај санкциите од САД, кои се дел од психолошката војна осудена на пропаст, вели претседателот на Иран Хасан Рухани.
Со повторното воведување санкции врз третиот најголем производител на нафта од ОПЕК, Вашингтон сака да го присили Техеран да се откаже од својата нуклеарна програма и да ја прекине поддршката на Либан и Јемен преку војници од Сирија.
„Нема да потклекнеме под овој притисок кој е дел од психолошката војна против Иран“, посочи Рухани во говорот што го одржа во градот Кој.
„САД не успеаја да го сопрат нашиот извоз на нафта. Ќе продолжиме да извезуваме… Вашата регионална политика не успеа, а сепак го обвинувате Иран за тој неуспех во Авганистан, Јемен и во Сирија“, додава Рухани додека присутните извикуваа „Смрт за Америка!“
Рухани вели дека Вашингтон ја нема потребната меѓународна поддршка за овие санкции и додава дека САД вовеле и привремена резигнација на осум поголеми потрошувачи на иранската нафта.
„Америка е изолирана сега. Иран има поддршка од многу земји. Освен од ционистичкиот режим (Израел) и неколку земји од регионот, ниедна друга земја не го поддржува притисокот врз Иран од страна на Америка“, заклучува претседателот на Исламската Република.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.