Свет
Иран ја повика ЕУ во борба против американскиот економски тероризам
Иранскиот претседател Хасан Рохани во понеделникот вечерта ги обвини САД дека извршиле економски тероризам против Техеран, повикувајќи ја Европа да се приклучи во борбата против политиките на Вашингтон на Блискиот Исток, пренесува иранската новинска агенција „Фарс“.
Рохани ја повика ЕУ да застане како сојузник на Иран на состанокот со министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Маас.
„Исламската република Иран никогаш не била и никогаш нема да биде ставена во ќор-сокак под притисок и санкции. Иран е решен да развие политички и економски односи со земјите членки на ЕУ, особено со Германија”, рече тој.
Иако ги поздрави односите на ЕУ со Иран, Рохани, исто така, не можеше да се воздржи од критикување на САД и ја повика Европа да се спротивстави на економскиот тероризам.
„Војната што САД ја започнаа против Иран во изминатава година никогаш нема да биде од корист за никого, а иранската нација во овој временски период докажа дека ќе ги издржи овие притисоци и малтретирање. Очекуваме Европа да му се спротивстави на економскиот тероризам на САД против иранската нација”, нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

